Забава
Дневен хороскоп, 21.ноември
Овен
Употребете ја вашата имагинација за да избегате од рутината. Не се обидувајте да се напрегнувате, денес е ден за одмор и релаксација. Бидете одлучни и цврсти, работите кои ќе ги договорите со партнерот денес, мора да се исполнат за да ви успее врската.
Бик
Денес сте во одлично расположение, само релаксирајте се и мирно започнете со подготовки за идните успеси во работната недела. Испланирајте ручек или вечера со пријателите, тоа најмногу ќе ви годи. Ве очекува хармонична атмосфера на љубовен план, не ја расипувајте.
Близнаци
Ќе добивате многу признанија од луѓето околу вас, посебно затоа што сте расположени да помогнете и да бидете поддршка за луѓето околу вас. Не се откажувајте од замисленото, денес никој не може да ве сопре во остварување на љубовните цели и замисли.
Рак
Бидете искрени и отворени, тоа најмногу ќе ви се исплати, посебно за личен развој и среќа. Не се откажувајте од замисленото, денес имате најголема можност да си ги остварите целите. Не заборавајте на партнерот, посветете му доволно внимание и одлучете се за компромис.
Лав
Денес ќе запознаете многу интересни луѓе кои барем за малку ќе ви го збогатат животот и ќе ве исполнат. Можни се и нови искрени и блиски пријателства. Насочете се кон тоа целосно да ги задоволите потребите на партнерот, пријатно ќе го изненадите, а и самите ќе бидете среќни
Девица
Не бидете наивни и не дозволувајте другите да си поигруваат со вашето трпение, бидете смирени и продолжете понатаму со работите кои сте си ги замислиле. Ве очекуваат многу убави љубовни моменти, важно е само да бидете отворени и расположение за експериментирање.
Вага
Полни сте со ентузијазам, уживајте во пријатните моменти и целиот ден искористете го за разговори со пријателите и блиските. Не дозволувајте искреноста на партнерот да ве навреди, обидете се да ја разберете и туѓата перспектива, така ќе си го подобрите односо
Скорпија
Денес дефинитивно нема да ви биде здодевно, ќе најдете начин како да си креирате илјадници задачи и обврски со кои ќе се занимавате. Внимавајте само, да не го игнорирате партнерот, посветете барем краток дел од вашето внимание и на него.
Стрелец
Обиколени сте со многу топлина од вашите пријатели и најблиските, релаксирајте е и наполнете си ги батериите за да бидете подготвени за обврските од идната работна недела. Еден телефонски повик ќе ви донесе многу позитивни промени на емотивен план, без страв од иднината.
Јарец
Очекувате да добиете признание од другите, но најважно е истото сами да си го дадете. Не очекувајте некој друг да ви ги заврши обврските. Потпрете се на вашата интуиција на љубовен план, таа дефинитивно нема да ве излаже, туку ќе ви помогне да сфатите одредени работи.
Водолија
Време е да им покажете на луѓето околу вас за што сè сте способни, бидете креативни и не се откажувајте од целите. Ве очекуваат многу нови позитивни промени, немате причина за страв од иднината. Дајте си одредени ограничувања и ќе успеете да напреднете на љубовен план.
Риби
Бидете реалистични и ќе дојдете до работите кои одамна ги посакувате, цврсто држете се до вашите ставови и не се откажувајте. Не се двоумете да му предложите одредени промени на партнерот, само така ќе си го подобрите односот и ќе бидете посреќни во љубовта. крај/мф/нa
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

