Вести
Австралија: Европа да удри по ИД и да ја реши бегалската криза
Австралија повикала повеќе европски земји да започнат со воздушни напад над екстремистичката организација Исламска држава (ИД) во Сирија и Ирак, со цел решавање на мигрантската криза.
Министерката за надворешни работи на Австралија, Џули Бишок укажала дека џихадистите се одговорни за тоа што стотици илјади мигранти бегаат во Европа, и дека неопходно е проширување на коалицијата која што се бори против ИД, пренесува AFP.
„Повеќе од 40 отсто од луѓето кои моментално бараат азил во Европа се од Сирија и потребен ни е единствен фронт за да ја поразиме терористичката организација која предизвика раселување на толкав број на луѓе“, изјавила Бишоп.
Австралиската министерка потсетила дека 60 земји веќе на некој начин пружаат поддршка кон коалицијата која е предводена од САД, но нагласила дека земјите можат и повеќе од тоа, односно можат да дадат поддршка преку воздушни напади, кои се покажуваат како ефикасни во спречувањето на ИД да прогласи своја територија над суверените влади и да продолжи со варварското насилство.
„Земјите кои се граничат со Сирија и Ирак – Либан, Јордан и останатите, го трпат товарот од милионите луѓе кои влегуваат на нивната територија бегајќи од своите земји, а потоа одат во Европа. Затоа сметам дека Европејците мораат да се ангажираат во коалиција за воздушни удари во Сирија и Ирак“, истакнала Бишоп.
Засега само неколку европски земји моментално учествуваат во воздушните напади над џихадистите, меѓу кои се и Франција и Британија, како дел од коалицијата на западните и арапските сили, наведува француската агениција.
Австралија во коалициските акции учествува со шест ловечки авиони РААФ Ф/А 18 и два авиона за поддршка, базирани во Обединетите Арапски Емирати.
Иако Канбера извршува воздушни удари во Ирак, се уште не земала на нишан мети во Сирија, повикувајќи се на правни причини, но го разгледува барањето кои САД и го упатиле овој месец, за да учествува и во нападите во таа земја.
Се очекува министрите за внатрешни работи на Европската унија да одржат вонреден состанок на 14-ти септември во Брисел, посветен на мигрантската криза во Европа, соопштила во неделата луксембуршката влада.
Бројот на бегалци од воените подрачја, кои доаѓаат до границите на ЕУ достигнал скоро 340 илјади во првите седум месеци од оваа година, што е значително повеќе во однос на бројката од 123.500 лица, колку што беа регистрирани истиот период минатата година, соопштила европската погранична агенција Фронтекс./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.