Забава
Дневен хороскоп, 22.ноември
Овен
Повеќето нови познанства кои ќе ги имате денеска, во склоп со вашата природа, склони кон разновидни контакти, ќе ве натераат да ги преиспитате своите досегашни емотивни врска. Некои нови лица ќе ви се присторат веќе на прв поглед интересни за остварување на долготрани односи. Потребно е, сепак, во тие контакти да внесете и одредена доза на претпазливост.
Бик
На работното место ќе затаите, па и резултатите не се ништо посебно. Ви недостасува енергија, а тоа ќе биде видливо и за околината. Затоа ние ве советуваме да се завртите денеска повеќе кон себе си и на вшите најмили. Повикајте дома друштво или вие однете некаде, не останувајте дома сами. На некои претставници ќе му се исполни некоја љубовна желба.
Близнаци
Моменталниот застој на работен план ќе биде причина за привремено влегување во слепа улица. Не ќе можете да чекате, сакате брзо да живеете и ќе бидете склони кон авантуристични потези. Можеби ќе добиете понуда за патување во странство, или ќе ве посети некоја личност од далеку. Поседувате голема желба за работа и полни сте со физичка енергија.
Рак
Се обидувате да ги завршите одамна започнатите работи и ќе успеете во тоа доколку работите напорно и давате се од себе. Бидејќи во семејството ве очекува некоја поголема промена можеби принова односно се она што вас ви е особено важно, не се оптеретувајте со други непотребни работи односно работи кои само ве заморуваат. Договорете средби со пријателите и нека ве водат само позитивни мисли.
Лав
Интересно ви е флертувањето само за проверка на својата умешност. Сватете дека врската во кој се наоѓате можеби е она што го сакате. Ако сте сами ве чека интересно познанство. Ќе имате среќа во работите во кои ви е ограничен пристапот. Ќе успеете да заработите одлична сума на пари, поради што ќе бидете задоволни. Здраствената ситуација не ви е стабилна ве очекуваат проблеми со зглобовите и коските.
Девица
Ви доаѓа нова енергија која ќе ви помогне во пребродувањето на тешкотиите на кои ќе наидете. Ќе бидете свесни за својата сила и ќе имате волја за да издржите во реализирањето на вашите оргинални идеи иако околината тешко ќе ги прифати. Не чекајте туку веднаш почнете со уверувањето на вашите колеги за вашата генијалност. Сепак дипломатската игра ќе биде вашето најако оружје.
Вага
Убаво разгледајте ја целата ситуација пред изработувањето на планот. Поради денешните должности воопшто ќе немате време за забава. Многу важно во моментот е да соработувате и да ги послушате советите од поискусни луѓе. Некои пари кои сте ги очекувале би требало да пристигнат. Спротивниот пол ќе покажува зголемено интересирање за вас. Искористете го тоа.
Скоприја
На работното место ќе се впуштите во ризична инвестиција и покрај некои забрани и предупредувања од соработниците. Размислете тоа може скапо да ве чини. Во поглед на емоциите ќе зрачите со магнетска привлвлечност. Со неколку вкусно одбрани модни детали ќе ги истакнете своите најубави особини. Вашата популаност во друштвото ќе порасне, а љубовната врска ќе достигне нови продлабочени димензии.
Стрелец
Одредени работи никако да тргнат , а вашата кариера има еден неизвесен тек, вас сеуште ви стои некој проект, работа или задача во која секојдневно можете и морате да се докажете. Потрудете се околу тоа. Во љубовта нагласен сексуален апетит, а некои ќе имаат авантура со личност која долго време физички ве привлекува. Ако сте во врска, вниманието од партнерот многу ќе ви значи.
Јарец
Многу ќе бидете задоволни како со деловниот така и со семејниот живот. Обидете се ваквата сосојба да је претворите во трајна. Немојте да се нервирате поради некои ситници. Доколку се оптеретувате и размислувате за лошите колегијални односи само ќе се нервирате, а ништо нема корисно да направите. Уживајте во кругот на семејството.
Водолија
На работното место од вас ќе се очекува да бидете креативни, при што со задоволство ќе влезете во новата работна обврска. Можно е да почувствувате исцрпеност, но тоа е како резултат на вашите грижи и ангажирања. На емотивен план се оди како што сте замислиле. Ако сте слободни, веќе согледувате дека сте многу блиску до освојувањето на симпатијата.
Риби
Размислувате за уметност, филозофија и сите други пријатни работи. Доколку не сте конкретен актер овие настани на индиректен начин како што тоа Рибите обично го прават се обидувате да пронајдете компензација за незадоволство. Превземете нешто поконкретно. Тргнете во акција. Само така ќе бидете повеќе исполнети и ќе имате повеќе пари. крај/мф/на
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

