Македонија
Натпревар за паметна автобуска постојка
Пет тима се натпреваруваат за идејно решение за паметна автобуска постојка.
Фондот за иновации и технолошки развој, Министерството за образование и наука, ЈСП Скопје и Град Скопје со цел промоција на иновациската дејност, поттикнување на соработката помеѓу научно-истражувачките, високо-образовните институции и бизнис секторот и промоција на лабораториите во високо-образовните институции го организираат натпреварот „Паметна автобуска постојка“.
Проектот се спроведува во соработка со Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ), Машинскиот факултет од Скопје и УНДП кои ја поддржуваат лабораторијата за социјални иновации на ФИНКИ и го поддржуваат Град Скопје во воведувањето на иновации во јавниот сектор преку вклучување на заедницата во изнаоѓање на решенија со цел подобрување на јавните услуги.
На натпреварот „Паметна автобуска постојка“ се изработува паметно, иновативно решение за автобуската постојка на ул. Димитрие Чуповски бб (Рекорд-Центар). Учествуваат пет тимови составени од различни профили на учесници.
Овој период во тек се менторските сесии на кои учесниците имаат можност да го подобрат своето решение, но и дополнително да се консултираат со со менторите со цел подобрување на моменталната автобуска постојка. До сега се одржаа 2 менторски сесии.
Првата во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој, а втората се одржа во просториите на Машински Факултет-Скопје каде што беше и презентирана лабораторијата со 3Д принтерот и начинот на кој може да го користат учесниците со цел изработка на 3Д макетата.
Учесниците за финализирање на идејното решение ќе ги имаат на располагање двете лаборатории со 3Д принтери, односно на Машински Факултет- Скопје и на ФИНКИ, а презентацијата на решенијата ќе се одржи на 3 декември, за кое јавноста дополнително ќе биде известена./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

