Македонија
Медиумите потсетуваат на бабата која стана бездомник поради спорот со семејството Панчевски

Милица Бојаџиевска која во 2010 година беше позната како „богатата бездомничка“ го изгуби покривот над главата, а како причина се наведуваше спорот со семејството на тогашниот судија, а сега претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, пишува во вторникот информативниот портал А1он.мк.
Според сторијата од 2010 година на телевизиите А1 и Сител, 74 годишната баба остана без својот дел во трите стана за кои семејството на сегашниот претседател на Основниот суд, Владимир Панчевски како и Стојан Панчевски, кои сега имаат спор со Центар околу дивоградба, тврдеа дека им припаѓа нив. Дури и Сител тогаш застана во одбрана на старата жена…(за да го видите целиот прилог кликнете тука).
Семејството на Владимир Панчевски тогаш обвинуваше дека адвокатите ја манипулираат Милица и дека се пазарат со цел да добијат нешто од имотот. Тие за телевизијата велеа дека не го оспоруваат нејзиното право и дека ќе ја згрижат старицата. Во сторијата беше нагласено дека трите станови во кои Милица Бојаџиевска има свој дел тогаш беа издавани под кирија, а богатата баба немаше каде да живее./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица

Синтек Инженеринг известува дека отпочнува времена измена на сообраќајот на автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 17.4.2025 до 31.5.2025, поради изведба на реконструкција на десната тунелска цевка на Тунел Т2. Десната тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во левата тунелска цевка, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради уличен дефект ф-100 мм на улицата Христо Татарчев 22/4, во општина Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, односно крак 22.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на интервенцијата.
Наведената улица нема да биде проодна за сообраќај.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Oд 06:30 до 13:00 часот, дел од с.Сарај ул.4 – пат за с.Љубин кај кафе Лозана. (Општина Сарај)
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.Лазар Трповски зграда бр.1 бр.5 кои се до ТС Лазо Трповски. (општина Чаир)
· Oд 09:00 до 15:30 часот,с.Патишка Река, викендици Патишка Река и викендици Држилово.(општина Сопиште)
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Наум Чакаров бр.1-5 и ул.Борис Сарафов бр.105-121.(Општина Ѓорче Петров)
· Oд 12:00 до 13:00 часот, дел од ул.1 во с.Побожје, пат кон Бутел. (Општина Чучер Сандево)