Свет
Во Калифорнија бараат референдум за независност
Припадниците на движењето Yes California, кои се залагаат за таканаречениот Calexit, односно истапување на сојузната држава Калифорнија од составот на Соединетите американски држави, го преставија предлогот за одржување референдум во кабинетот на главниот обвинител на државата, пишува изданието на весникот The Los Angeles Times од вторникот.
Во написот се наведува дека движењето Yes California бара на предлогот да му се даде официјалност и по него да се направи заклучок. Следбениците на движењето и поборниците на истапувањето на Калифорнија од САД, се надеваат дека таквото гласање може да се одржи веќе во 2018 година.
Во споменатиот текст од документот испратен до главниот јавен обвинител на Калифорнија, движењето кое го нарекува документот „Calexit: плебисцит 2019 година за независност на Калифорнија“, по аналогија на Brexit, односно британскиот референдум од јуни годинава за истапување од Европската унија.
Како повод за обраќање до главниот обвинител, се наведува уште во медиумскиот извештај повикувајќи се на потпретседателот и соосновач на движењето Руиз Еванс, е победата на Донал Трамп на американските претседателски избори од 8-ми ноември. Имено, 61 отсто од жителите на Калифорнија на изборите гласале за демократската кандидатка Хилари Клинтон.
Поборниците на истапувањето на Калифорнија од САД ја појаснуваат својата позиција со тоа што властите ги трошат парите на даночните обврзници за одбрана и за вооружени конфликти, кои не даваат резултати. Активистите имаат намера да ги пренасочат средствата од даноците кон социјалната сфера во оваа сојузна држава.
Калифорнија е една од најнаселените сојузни американски држава, и во неа според последните статистички податоци живеат околу 40 милиони луѓе.
Калифорнија влегла во составот на Соединетите држави во 1850 година, како 31-та сојузна држава по ред.
Американските власти досега на ваквите иницијативи, за кои се одржуваа и петиции во неколку сојузни држави, одговараа дека уставотворците своевремено не предвиделе во највисокиот законски акт на земјата истапување на некоја сојузна држава од САД./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

