Вести
Ирачките власти го затворија дописништвото на Al Jazeera во Багдад
Ирачките власти го затворија дописништвото на сателитската телевизија Al Jazeera во Багдад, обвинувајќи ја оваа мрежа од сунитската катарска монархија дека поттикнува насилство и секташтво во мнозински шиитскиот Ирак.
Комисијата за комуникации и медиуми (CMC) упатило писмо до телевизиската мрежа Al Jazeera во која ја известува дека ја повлекува лиценцата за работа на нејзиното дописништво во Ирак на една година, и дека ги затвора сите канцеларии на телевизијата во земјата.
Одлуката, како што се наведува во објавениот допис, била донесена на 24-ти март, поради „постојаните прекршоци и медиумскиот јазик со кој се поттикнува на насилство и секташтво“.
Телевизиската мрежа чие седиште е во Доха, претходно во средата во соопштение објави дека не прекршила правила, како и дека не престанала професионално и објективно да ги покрива настаните. Во четвртокот изрази „шокираност“ од одлуката на властите во Багдад.
„Остануваме посветени на емитувањето вести за Ирак и за ирачкиот народ, за нашите гледачи во арапскиот свет и ширум светот“, се наведува во соопштението на Al Jazeera.
Странските вработени на мрежата и од претходно не можат да влезат во Ирак, бидејќи властите ги заострија условите за издавање визи, изјави за AFP шефот на ирачкото дописништво на LA Jazeera, Валид Ибрахим.
Ирачките власти повеќе пати ја критикуваат Al Jazeera, оценувајќи дека со своите известување ѝ оди во полза на екстремната сунитска организација Исламска држава, дека за неа известуваат позитивно, а за шиитското ирачко мнозинство негативно.
Ова е третпат Al Jazeera да е забранета во Ирак. Претходниот пат ирачката влада ја обвини катарската телевизија и девет други сателитски телевизиски мрежи за поттикнување на секташките чувства и поттикнување на насилство во 2013 година.
Телевизијата Al Jazeera, којашто е основата од страна на кралското семејство на Катар во 1996 година, често е обвинета дека е наклонета кон вооружените екстремистички групи кои дејствуваат на Блискиот исток, наводно врз основа на сеопфатна политичка агенда./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.