Македонија
Министерот Јанакиески оствари средба со претставници на „Макам-Транс“
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во петок оствари работна средба со претставници на Асоцијацијата на здруженија на работодавачите на превозните трговски друштва на Република Македонија „Макам-Транс“.
На средбата присуствувале претставници на повеќе транспортни компании, кои ги изнеле своите ставови и барања.
Како што се наведува во соопштението на Министерството за транспорт и врски, по барање на транспортерите, министерот Јанакиески се согласил да се прифатат дел од барањата во однос на намалување на времето на забрана за движење на тешки товарни возила на патот од Гостивар до Охрид, во период од 1-ви јули до 1-ви септември во тековната година.
„На одржаната средба беа потенцирани мерките кои се превземени за подобрување на состојбата во транспортот како што е воспоставување на „Зелена лента“ за побрз проток на стока, опасни материи и празни камиони на граничните премини на Табановце и Богданци во период од 21 часот до 01 часот. Воведување на еден здравствен преглед односно намалување на трошоците за возачите за еден ист преглед што значи спојување на лекарското уверение и системтски преглед (еднаш издадено едно лекарско уверение ќе важи за повеќе намени во повеќе институции). Измени во Законот за превоз на патниот сообраќај за контрола на странски превозници кои вршат превоз на територија на нашта држава за поседување на соодветна дозвола при вршење на превоз, како и изработка на интерна процедура за изедначено постапување на инспекторите при УЈП при вршење на надворешна контрола во превозни трговски друштва“, се вели во соопштението од Министерството.
Во него се додава дека во ноември ќе се изврши и електронска распределба на ЦЕМТ дозволи за 2015 година. Притоа, Јанакиески нагласил дека предмет на распределба ќе бидат 204 годишни ЦЕМТ дозволи за возила со Еуро 6 категорија и 1.220 годишни ЦЕМТ дозволи за возила со Еуро 5 категорија.
Заклучно, со месец септември во базата на Министерството се евидентирани 2.328 возила со Еуро 5 категорија и 254 возила со Еуро 6 категорија.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Забрзување на енергетската транзиција: Јасен план и координиран пристап – одржан состанок на JETIP Инвестициската платформа
Денеска се одржа четвртиот координациски состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP – Just Energy Transition Investment Platform), на кој клучните актери разговараа за напредокот во политиките, планирањето и регулаторните реформи што ја поддржуваат праведната енергетска транзиција на Северна Македонија.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, истакна дека во изминатиот период Министерството е фокусирано на зајакнување на политичките и планските основи неопходни за ефективна имплементација на Инвестициската платформа.
Во таа насока, подготвени се два Годишни планови за развој на енергетскиот сектор за 2025 и 2026 година, усогласени со приоритетите на праведната транзиција, кои обезбедуваат јасна краткорочна рамка за реализација на проектите и подготвеност за инвестиции.
Паралелно, Националниот план за енергија и клима ја заврши фазата на јавни консултации и влезе во завршна фаза на финализација. НЕПК ги обединува целите за декарбонизација, развојот на обновливите извори на енергија и потребите за флексибилност на енергетскиот систем, со посебен фокус на регионите погодени од транзицијата од јаглен. По неговото усвојување, Планот ќе претставува стабилна основа за јавните и приватните инвестициски одлуки.
На регулаторен план, во завршна фаза е и подготовката на Законот за обновливи извори на енергија, со чијштоo усвојување ќе се создадат услови за значително забрзување на инвестициите и исполнување на целите за декарбонизација.
Овие активности не претставуваат изолирани реформи, туку овозможувачки чекори за реализација на проектната рамка на Инвестициската платформа.
Владата уште еднаш ја потврди својата силна посветеност на праведната енергетска транзиција, поддржувајќи ја Инвестициската платформа како клучен механизам за координација, инвестиции и забрзана имплементација на реформите.

