Македонија
Ременски обелодени манипулации со социјалните станови во изборни цели

Социјални станови се доделувале на луѓе од Пустец во Ресен, фантомски гласачи се впишувале на адреси на недоделени социјални станови, функционери на ВМРО-ДПМНЕ добивале социјални станови во Охрид…
Ова се само дел од нерегуларностите што ги спроведувало Министерството за труд и социјална политика и Министерството за транспорт и врски, под диригентската палка на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, обелодени, во среда министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска – Ременски.
Таа беше обвинувана дека ја кочи распределбата на социјалните станови во Прилеп, за што и денеска рече дека не е во нејзина надлежност, туку е во надлежност на Министерството за транспорт и врски.
„Тоа е еден од предметите што го водиме во министерството, меѓутоа многу прашања треба да поставите и на друга адреса, како на министерот за транспорт и врски, којшто е исклучиво надлежен за за спроведување на постапката за распределба на социјалните станови. Бев обвинувана дека ги кочам. Станови коишто во изминатиот период, два дена по нашето разрешување во Собранието во првиот мандат беа распределени експресно. Ние го испитуваме како случај“, рече Ташевска-Ременски.
Таа нафрли и неколку други злоупотреби, како тоа дека гласачи од Пустец добиле станови во Ресен, луѓе коишто не исполнуваат критериуми за добивање социјален стан во Прилеп, веќе се корисници на социјални станови. Запишување на непостоечки фантомски гласачи на адреса на социјални станови коишто претходно не биле доделени. Доделување социјални станови на лица функционери на ВМРО-ДПМНЕ, коишто никогаш не ги користеле како станови, а најверојатно ги давале под закуп, на многу атрактивни локации, како Охрид./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина Панчо Минов, поранешен пратеник и градоначалник на Кавадарци

На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и поранешен пратеник во Собранието.
Панчо Минов беше дипломиран правник и политичка фигура со повеќедецениско искуство. Тој два пати беше избран за градоначалник на Општина Кавадарци – прво како кандидат на Либералната партија (2000–2005), а потоа како независен кандидат (2005–2009).
Минов имаше и пратеничка кариера, учествувајќи во повеќе состави на Собранието.
Првпат беше избран во првиот повеќепартиски состав (1990–1998), а подоцна повторно стана пратеник преку ГРОМ (2016–2020) и СДСМ (2020–2024).
Македонија
Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад, велат од СДСМ.
Според нив, последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните.
„До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните?
Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција.
За тоа мора да има одговорност“, додаваат од оваа партија.
Македонија
Парични казни за три градинки и едно училиште по спроведени инспекциски контроли во кујните

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на цела држава. Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта.
За утврдените недоследности, издадени се 9 решенија со наредби за нивно отстранување. Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните. Парични казни изречени се за 3 градинки, и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.
Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна.
Инспекциските служби на АХВ за утврдените недоследности со контролите во училишните кујни изрекле 1 парична казна и донеле 5 решенија со наредба за нивно отстранување.