Регион
Вучиќ: Ако мојата партија загуби на претседателските избори, ќе се повлечам

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјавил дека доколку на претстојните претседателски избори неговата партија, Српската напредна партија (СНС), загуби, тој ќе се повлече од премиерското место, пренесуваат српските медиуми.
На прашањето што би можело да се случи доколку кандидатот на СНС ги загуби изборите и дали тој ќе поднесе оставка, Вучиќ рекол дека под никакви услови не сака да ја промени својата политика и програма.
„Горд сум на економските резултати на својата влада. Јавниот долг де факто веќе не расте, горд сум на километрите автопатишта кои ги изградивме и фабриките кои ги отворив. Некој после мене нема ни да стигне да ги прошета сите тие фабрики кои ги отворив“, рекол тој.
„Некои од тие кандидати се миленици на овие или оние елити, а јас не сум. Мене ме сака обичниот народ, и никој повеќе. Но доколку победат, нека ја водат земјата“, додал српскиот премиер, потенцирајќи дека доколку ги изгуби тие избори „нема да дојде крајот на светот“.
„На стадионите сите викаат „Вучиќу, педеру“, но кога ќе дојдат избори, гласаат за мене. Јас тоа го разбирам. Луѓето се бесни, не живеат добро, сакаат повеќе. Но на крајот, кога ќе дојдат зад параванот, знаат дека треба да гласаат за некој кој ќе се бави со нивните проблеми. Доколку победат Јанковиќ, Јеремиќ или Шешељ, следи мрцварење и кохабитација. Сосема сигурно, нема да учествувам во тоа мрцварење“, рекол српскиот премиер.
На прашањето дали тоа значи дека нема да има кохабитација, српскиот премиер рекол дека може да дојде до такво нешто, но без него. „Во такви околности не се можни добри резултати. Тогаш е најдобро да одам сам“, додал Вучиќ, а на констатацијата дека во тој случај е логично тој да се кандида, рекол дека не сака, но дека ќе даде се од себе за да победи тој кандидат што ќе биде поддржан од неговата партија. Одржувањето на претседателските избори во Србија е закажано за мај следната година./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Поскапо отколку на Ибица: лежалка на Јадранското море чини 1.300 евра на ден

Цените во хрватските туристички центри се зголемуваат од година во година, а се чини дека оваа сезона трката за профит започна порано од кога било. Од кафе кое чини пет евра, лежалки кои се изнајмуваат поскапо од ноќевање во соба, до порции риба кои достигнуваат цени како и во луксузните ресторани во европските метрополи – сето ова веќе ги загрижува и домашните и странските гости на Јадранското Море, пишува Блиц.
Едно е сигурно – сезоната сè уште не е ни започната, а за цените се зборува како да сме веќе во средината на август. Ова го потврдува и последната објава на Reddit, каде што еден корисник објави фотографија од ценовник од кафуле на плажа во Сплит.
„Можеби ценовникот е поставен на 100 метри од барот на плажата, но барот е во сенка (Жњан, Сплит)“, напиша тој во објавата со фотографијата и додаде: „Добредојдовте на Ибица“, алудирајќи на високите цени.
Цената за изнајмување лежалки се движи од 35 до 1.300 евра!
Možda je cjenik stavljen 100m dalje od beach bara, ali je bar u ladovini (Žnjan, Split)
byu/MantisTobogan_dr incroatia
Во коментарите, корисник ги спореди цените во популарно одморалиште во Шпанија, Ибица и Сплит. Според податоците од веб-страницата Numbeo, Сплит е поскап, барем кога станува збор за туристичките објекти. Авторот на објавата одговори на тоа:
„О, ужас! Сè уште му се потсмевам, а дури е поскап од Ибица“.
Многумина се прашуваат каков туристички бран нè очекува кога, веќе во предсезоната, цените на сместувањето, кафето или порциите лигњи достигнаа нивоа што до вчера беа резервирани за најскапите европски дестинации.
Регион
Силен земјотрес ја погоди Света Гора, почувствуван на Халкидики и во Солун

Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени е регистриран попладнево во морската област на Света Гора.
Според Геодинамичкиот институт и Сеизмолошката станица на Универзитетот „Аристотел“ во Солун, епицентарот на потресот бил на 7 километри западно од Кареја, на длабочина од 12,5 километри.
Како што јавуваат грчките медиуми, силниот земјотрес го потресе целиот регион Халкидики, како и градот Солун. Бил почувствуван и на крајбрежните области на Кавала и Тасос.
Регион
Уште еден силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во четврток, 5 јуни, во 07:18 часот во Егејското Море, Грција.
Земјотресот беше регистриран на 30 километри од Мирина.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 30 km NW of #Mýrina (#Greece) || 3 min ago (local time 08:18:38). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/4qdLSErCCL
— EMSC (@LastQuake) June 5, 2025
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.