Забава
Дневен хороскоп, 26-ти ноември
Овен
Ќе бидете доста активни во работата, па кон крајот на денот ќе почуствувате голема истоштеност. Особено заморно ќе се чуствувате на работни состаноци или при поголеми собири. Односите со претпоставените се проблематични. Внимавајте како се однесувате. Ако сте слободни денов ви носи интересно искуство. Една личност која упорно ја доживувате како пријател од вас очекува нешто друго.
Бик
Денеска ќе се чуствувате ранливо и заштита ќе побарате во друштвото на саканата личност. Личност со која едноставно можете да седите во потполна тишина без трошка непријатност ќе ви биде најдобро друштво. Од таквата меланхолично-сензибилна состојба ќе се извлечите дури при крајот на денот, а потоа би можеле да продолжите меѓу луѓето.
Близнаци
Можеби ќе доживеете некои незгодни и непријатни изненадувања. Воглавно се може да се одвива со успех, но немојте премногу да се двоумите, затоа што под дејство на тие ваши колебања се оневозможува реализација на многу ваши потенцијали. Таквата ситуација може да произлезе од вашата емотивна вознемиреност. Во вашиот љубовен живот ќе мора да се обидете да воспоставите правилна комуникација
Рак
Ова е доста динамичен ден. Ако сте осамени можете да очекувате ново пријателство со интересна личност. Денот е поволен за сите видови на работа. Планетите ве поддржуваат па можете да започнете и некоја нова работа. Кондицијата ви е одлична, а финансисктата состојба без позначајни промени. Убавите настани ќе ви помогнат на момент да заборавите на проблемите.
Лав
Денес премногу брзо ќе се одлучите за нешто во што ни самите не сте уверени. Можеби ќе ви успее, но вашите можности се повеќе отколку минимални. Во прв план сепак ќе ви бидат комуникативноста, подвижноста, интелектот и образованието. Ќе имате многу контакти со соседите или роднините. Денот е одличен за шетање. Било каква интелектуална работа нема да ви предизвикува проблеми.
Девица
Сите обврски ќе паднат врз вашиот грб. Бидејќи сте дозволиве околината да ве смета за личност која е способна за се, која не знае да каже,,не,, тогаш мора и да запнете. Обидете се од време на време да се извлечете со некоја лага или изговор доколку сакате да се спасите од нападните. Обрнете поголемо внимание на вашата љубов. Во последно време некои работи ви избегале од контрола.
Вага
Можеби ќе ја изненадите околината со повлекување во себе. Некои од вас искрено ќе се грижат за блиските личности и со нив ќе ги координираат плановите. Во слободно време може да ви се случи да ја запознаете вистинската љубов. Избегнувајте ги напорните работни задачи бидејќи лесно ќе се заморувате. Нагласената креативност ќе ве истакне во уметничките сфери.
Скорпија
Денешниот ден ќе го поминете во голема напнатост, а тоа значи дека ќе имате одредени проблеми со луѓето. Ако сте во брак или долга врска, постои опасност да почуствувате монотонија во заедничкиот живот, па излез можете да побарате во работата и излегување со пријателите. Вашиот партнер ќе почуствува дека го избегнувате неговото друштво, а тоа многу ќе го повреди. Бидете тактични.
Стрелец
Вашата денешна неодлучност ќе ви претставува пречка за извршување на работните задачи денеска. Многу тешко ќе успеете да ја одржите својата рамнотежа како на работното место така и во љубовта. Преголемите обврски ќе ви наметнат доста проблеми и непријатно расположение. Добрите вести кои ќе ги слушнете од вашите пријатели во текот на денот, пријатно ќе ве изненадат, со што лесно ќе ги надминете проблемите.
Јарец
Одличен ден за средување на проблеми поврзани со порез, осигурување и заедничко вложување. Јарците кои се во брак се наоѓаат под поволни влијанија. Ова особено се однесува на материјални интерес. Изгледа вашиот партнер ќе доживее успех и со тоа многу ќе придонесе за заедничката благајна. На слободните им препорачуваме да го искористат денот за влегување во врска, бидејќи ги очекува среќа.
Водолија
Ќе бидете опкружени со луѓето кои ги сакате, а дружењето ви носи голема радост. Овој ден внесува многу светло во вашиот живот. Уживате во убавите моменти. Во љубовта ќе бидете задоволни, а ќе имате и решение за некои проблеми. Кога се во прашање парите не сте склони кон компромиси. Што се однесува до љубовта кај слободните пртставници ги советуваме да не бидат многу пребирливи.
Риби
Ќе бидете опкружени со луѓето кои ги сакате, а дружењето ви носи голема радост. Овој ден внесува многу светло во вашиот живот. Уживате во убавите моменти. Во љубовта ќе бидете задоволни, а ќе имате и решение за некои проблеми. Кога се во прашање парите не сте склони кон компромиси. Што се однесува до љубовта кај слободните пртставници ги советуваме да не бидат многу пребирливи./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Хороскопски знаци кои избираат во мир да ги поминат празниците – не сакаат гужви, собири и бучава
Иако новогодишните празници најчесто се поврзуваат со дружење и семејни собири, за некои хороскопски знаци празничниот метеж носи замор и преоптовареност. Наместо бучни трпези и разговори, тие посакуваат тишина и повлекување.
Девица – тешко се опушта во празничниот хаос, ја исцрпуваат обврските и желбата сè да биде совршено. Мирен и едноставен Божиќ и Нова Година ѝ помага да ја врати рамнотежата.
Јарец – премногу емоции и спонтани ситуации му го одземаат фокусот. Мирот и самотијата му се неопходни за да се чувствува стабилно.
Водолија – не сака традиционални шаблони и чувствува притисок од празничните очекувања. Му е потребен простор каде може да биде свој.
Риби – силно ја чувствуваат енергијата околу себе, а празниците лесно ги исцрпуваат емоционално. Тишината им помага да го зачуваат внатрешниот мир.
Фото: pexels
Забава
Детали за раскошната свадба на Венус Вилијамс: никој нема да може да го надмине подарокот на сестра ѝ
Познатата тенисерка Венус Вилијамс и нејзиното момче Андреа Прети, кое е осум години помладо од неа, официјално се венчаа. Двојката организира уште една венчавка откога разменија завети во бајковитата Италија.
Веста за свршувачката претходно оваа година израдува многумина, а тие само чекаа на точниот датум кога Венус официјално ќе му стане сопруга на Андреа Прети. Свадбата се одржа минатата недела, но сестрите Вилијамс сега ги споделија најубавите фотографии од настанот.
Интересно е што прославата траеше пет дена, а сè почна со прослава на јахта организирана од Серена, која, заедно со јахтата, всушност беше нејзин подарок за сестра си.
Главната причина зошто имаа втора свадба е тоа што не можеа да организираат сè во Италија за толку кратко време поради потребната документација. Постапката би траела околу осум месеци бидејќи Венус е странска државјанка, а таа брзаше да се омажи што е можно побргу.
View this post on Instagram
Како што напиша „Вог“, Венус смени четири бели фустани, секој поубав од претходниот. Сепак, венчаницата дизајнирана од Жорж Хобеика ја однесе победата.
Сестра ѝ Серена, која е нејзина најголема поддржувачка сите овие години, исто така испрати емотивни зборови на социјалните мрежи.
„Чуварка на сестрата. Венус, од каде воопшто да почнам? Од терените во двор до најголемите во светот, ти секогаш водеше со грациозност, сила и срце поголемо од кој било трофеј. Гледајќи те како влегуваш во ова ново поглавје, опкружена со љубов, беше како да го гледаш изгрејсонцето, стабилно, моќно и полно со ветувања.
View this post on Instagram
Ти си моја најдобра пријателка, моја заштитничка, моја учителка и мој потсетник секогаш да одам со цел. Да те видам вака среќна, вака сакана, вака сјајна… Тоа ми значи сè.
За љубовта, партнерството, смеата и за целиот живот исполнет со повторно избирање еден со друг, секој ден. Не би можела да бидам погорда што стојам покрај тебе – не само денес, туку засекогаш“, рече Серена.
Забава
(Видео) Не можеше да му одолее на најголемиот тренд: Линдзи Лохан воодушеви со украсената елка
Многу верници во светот денес го слават Божиќ, меѓу нив има и познати ѕвезди, кои ги украсија своите домови и нетрпеливо ги чекаат Божиќ и Нова година, а на социјалните мрежи се пофалија со своите новогодишни украси.
Меѓу нив е и холивудската ѕвезда Линдзи Лохан, која ја покажа својата новогодишна елка и доби многубројни „допаѓања“. Обожавателите не престануваат да изразуваат колку се воодушевени од едноставната, но толку топла и оригинална елка.
View this post on Instagram
Високата луксузна елка е украсена со огромна машна на врвот, што актерката ја постави веднаш под ѕвездата на самиот врв, а елката е украсена во црвено-бели украси, меѓу кои има малку помали црвени и црвено-златни пругасти машнички.
Елката е збогатена со жолти светла, кои ѝ даваат величествен изглед, и токму оваа комбинација што ја избра Линдзи – од минијатурни до големи машнички – е клучот за создавање хармоничен изглед, а сепак воопшто не е здодевен.
@truehomewithus Here’s the final look 🤩 magical ✨ . . . . . . #christmastree #christmasdecorating #christmasbow #diychristmasbow #bow #christmasdecor #tinseltree #bowtrend #christmas2024 ♬ Magical Mystery – Mark Fabian & Alexander Smith
Ако сакате ваква елка, не заборавајте дека ви треба една многу голема машна, што ќе доминира, и многу помали, што ќе бидат таму за да ја комплетираат елката.
@clairesawa Decorating my first xmas tree 🎀 #bowtutorial #howtomakeabow #bowtree #christmasdecor #christmastree #christmastok #coquette ♬ santa tell me – r7ptor
Постојат разни варијации на овој тренд…
@loschristmasdesigners See how our Slim Bow instantly transforms this tree by giving it height, elegance, and the perfect finishing touch. #ChristmasTree #TreeTopper #HolidayDecor #SlimBow #ChristmasDesign ♬ original sound – Los Christmas Designers

