Вести
Британски снајперист досега убил 47 бомбаши самоубијци во борбата против ИСИС
Британски снајперист за кој тамошните медиуми тврдат дека убил 47 терористи моментално ги штити британските војници во воената база Ал Асад во западен Ирак, провинција Анбар. Тој бил и во Босна и Херцеговина во текот на војната во поранешна Југославија.
Името на овој снајперист кој ги штити британските војници од безбедносни причини е непознато. Медиумите го ословуваат како “Colour Sergeant” (наредник боја). Идентитетот му е заштитен поради можна опасност за неговото семејство, пишува Mail online.
Моментално е позициониран на кров во воената база Ал Асад и ги штити британските трупи од евентуални напади на припадниците на Исламската држава. Според медиумите тој дека бил прецизен на деличина од 1.431 метри во текот на една британска операција во Авганистан.
„Ние сме тие кои први пукаат кога некој доаѓа во базата. Никој досега не се осмелил да го направи тоа,“ вели снајперистот, пишува Daili mail.
Компанијата за обезбедување за која моментално работи снајперистот, заштитува база во која се стационирани околу 2.000 луѓе, воглаво Британци, Американци и Данци.
„Припадниците на ИСИС сакаат да дојдат тука и да не убијат. Најголем успех за нив е да убијат член на коалициските сили. Најлошо сценарио е копнен напад на базата,“ вели полковник Карл Бозвел, командант на британксите сили.
Снајперистот бил 20 години во воска. Тој е очи и уши на базата, следи кој излегува и кој влегува. Служел во Босна и Херцеговина, Ирак, Авганистан, Косово и Северна Ирска.
Снајперот на неговото оружје му овозможува да гледа подалеку од 1.500 метри. Како што рекол, во текот на една мисија морал да лежи на кров 24 часа. Убил припадник на талибанци преку дупка со пречник од 45 центиметри, на оддалеченост од 300 метри. крај/мф/вс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.