Скопје
Елка висока над 18 метри ќе го краси централниот скопски плоштад
Годинава декорирањето на централното градско подрачје ќе го реализира фирмата Линк Медија која имаше најповолна понуда на јавниот повик и за таа цел Град Скопје ќе издвои околу 12 милиони денари.
На плоштадот Македонија ќе биде поставена централна новогодишна елка, повисока од 18 метри со светлосни и други украсни елементи, како и украсување на плоштадот со светлосни украси и ефекти.
Декорирањето е во тек, додека раскрасувањето ќе биде од 15.01. до 25.01.2017 година. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од две скопски населби без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа без напојување со електрична енергија ќе останат:
• од 09:00 до 12:00 часот Сеизмологија, Пржино, Институт за земјотресно инженерство, Француска амбасада и ул.Милан Мијалковиќ. (Општина Центар)
• од 08:00 до 15:30 часот Дел од улица Регионален пат R1102 Скопје – Катланово на потегот од бензинска Мак Петрол до исклучок кон с. Огњанци, улица 3, дел од улица 7 и дел од улица 2. (Општина Петровец)
Скопје
Над 7.500 ученици во општина Аеродром добија бесплатни училишни униформи
Над 7.500 ученици од сите основни училишта и оваа година добиваат бесплатни училишни униформи составени од две блузи, две маички и дуксер.
В. д. градоначалникот на Општина Аеродром. Дејан Митески денеска присуствуваше на доделувањето на униформите во ООУ „Александар Македонски“ во Реонски центар Аеродром, каде што дечињата со радост ја добија својата нова училишна облека.
Целта на овој проект е да обезбеди подобри и посовремени услови за одвивање на наставата, истовремено водејќи сметка во голема мера да се растовари и буџетот на семејствата кои имаат основци.
Општина Аеродром за набавка на овие униформи издвои речиси 19 милиони денари.
Сакаме сите ученици да имаат еднаков пристап до образованието, а ние како Општина ќе продолжиме да вложуваме во училиштата и во подобрување на условите за наставата, велат од Општината.
Скопје
Стефковски: Градиме нов паркинг во Автокоманда
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски утрово беше на терен во Автокоманда каде што направи увид на градежните активности за изградба на нов паркинг простор на улица Габреш.
За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
Градиме нов паркинг простор на улица Габреш во Автокоманда. Утрово направивме увид на градежните активности за изградба на нов паркинг простор на улица Габреш во Автокоманда. Со реализација на овој проект обезбедуваме 58 нови паркинг места.
Решавањето на проблемот со недостатокот на паркинг места во Автокоманда, останува еден од клучните приоритети на општината.
Заклучно со изградбата на овој паркинг од почетокот на мојот мандат имаме обезбедено повеќе од 150 нови паркинг места за жителите на Автокоманда. Дополнително тим од општината во соработка со надлежните институции посветено работи на реализација на сообраќајната студија со која ќе се воведе ред во сообраќајот во мирување. Како општина работиме и на промена на Деталниот урбанистички план со кој обезбедуваме локации за изградба на катни гаражи. – напиша Стефковски.