Контакт

Вести

Бан Ки-мун: 34 групи во светот се поврзани со Исламската држава

Објавено пред

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, соопшти дека 34 групи ширум светот ѝ изразиле лојалност на екстремната сунитска организација Исламска држава до половината на декември, како и дека таа бројка годинава само ќе се зголемува.

dobivaj vesti na viber

Челникот на светската организација ја нарече Исламската држава „најбогатата терористичка организација“, додавајќи дека многубројните извештаи проценуваат дека само во текот на 2015 година заработила најмалку меѓу 400 и 500 милиони долари од продажбата на нафта и гас кои ги експлоатира од наоѓалиштата на териториите на Ирак и на Сирија коишто ги контролира од летото 2014 година.

Бан Ки-мун во извештајот на Советот за безбедност на ОН од петокот вели дека минатогодишната „заработка“ на џихадистите потекнува од даноците кои ги наметнува на териториите кои ги владее, од конфискување на имоти, откупнини на заложниците, како и од шверцување на енергенси и артефакти на црните пазари.

Генералниот секретар на ОН, исто така, предупредува дека Исламската држава претставува „опасност без преседан“, поради нејзината способноста да уверува групи од целиот свет, како Филипини, Узбекистан, Сомалија, Либија, Египет, Пакистан, Авганистан и Нигерија, да ѝ изразат лојалност.

Бан додава и дека членките на Обединетите нации би требало да се подготват за зголемен број напади поврзани со Исламската држава, чиишто припадници патуваат во други земји за да извршуваат напади и да ја развиваат џихадистичката мрежа.

Исламската држава со ненадејната офанзива од летот 2014 година зазема големи делови од Ирак и од Сирија на коишто го прогласи својот ткн калифат, но и покрај меѓународните напори и воздушни напади да бидат поразени, Бан истакнува дека оваа група и натаму е многу присуства во двете земји, како и дека продолжува да го шири своето влијание, во прв ред во северна Африка, особено во Либија.

Територијата Исламската држава опфаќа околу 90.000 илјади квадратни километри во Сирија и Ирак, а според разни разузнавачки процени бројноста на нејзините борци варира до 50 па до 200 илјади лица./крај/мф/сн

Извор: Associated Press

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Македонија и Украина потпишаа спогодба за либерализација на билатералниот транспорт и транзит на стока

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оствари видео конференциска врска со Олекси Кулеба, заменик претседател на Кабинетот на министри...

Европа2 часа

Данско разузнавање: Русија би можела да започне голема војна во Европа во рок од 5 години

Ако Русија процени дека НАТО е слаб, би можела да биде подготвена да води „војна од големи размери“ во Европа...

Свет3 часа

(Видео) Снежна лавина блокираше хотели, луѓе евакуирани со хеликоптери: драма кај Фукушима

Четириесет лица, вклучително и гости на хотел, беа евакуирани со хеликоптер за спречување катастрофи откако лавина блокираше три хотели во...

Свет4 часа

Данците започнаа петиција за купување на Калифорнија од САД: собраа околу 200.000 потписи

Како одговор на идејата на американскиот претседател Доналд Трамп да го купи Гренланд, во Данска е покрената петиција оваа европска...

Европа4 часа

(Видео) Масовен ракетен напад врз Киев, горат станбени згради: „Вака Путин сака да ја заврши војната!“

Во утринските часови руската војска извршила ракетен напад врз Киев, соопштија украинските власти. „Вака Путин сака да ја заврши војната....

Регион4 часа

(Видео) Се појави нова снимка од земјотресот во Хрватска: „Се тресеше 5-6 секунди, стравот беше голем“

Далмација вчера беше потресена од земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на 15 километри североисточно...

Економија17 часа

Владата ќе ги ограничи маржите на повеќе производи, меѓу кои и детергентите и бебешката храна

Владата го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10 проценти ограничување на маржата во трговија на мало и...

Македонија17 часа

Владата ќе го разрешува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

Владата донесе одлука за поведување постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. „Разочараноста на Владата од постапувањето надвор...

Македонија22 часа

Нема да ни се повторат „Соравија“, „бентли“ и „ролс-ројс“ на блиски роднини на нашите семејства, вели Мицкоски за падот во борбата против корупцијата

Логичен е извештајот на „Транспаренси интернешнл“ за 2024 година, кој покажа дека земјата паднала за два индексни поена во борбата...

Македонија22 часа

Јаневска за забраната на мобилните телефони: Училиштата се под ингеренции на општините, тие ја носат одлуката

Учениците ќе бидат повеќе фокусирани на знаењето кога кај нив не се присутни мобилните телефони, согласна е министерката за образование...

Македонија23 часа

Утврдени слабости во работењето на Централниот регистар, алармира Државниот завод за ревизија

По извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизијата на усогласеност на Централниот регистар на Република Северна Македонија за 2023...

Македонија24 часа

Македонија бележи пад во борбата против корупцијата, ја дели 88. позиција со Казахстан, Суринам и Виетнам

Во Индексот на перцепција на корупцијата за 2024 година, дури две третини од земјите добиле лоша оценка, според „Транспаренси интернешнл“...

Топ1 ден

Во пукањето во Чаир учествувале повеќе лица: подигнати се патрони, се прегледуваат видеоснимки

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската општина Чаир, каде во оружен...

Топ1 ден

Убиство во Чаир: полицијата уапси неколку лица

Денеска во 00.06 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со...

Свет1 ден

Руски амбасадор: Стотици руски војници закрепнуваат во Северна Кореја

Стотици руски војници се опоравија од повредите здобиени за време на борбите во Украина во објекти во Северна Кореја, изјави...

Свет1 ден

Луѓето на Трамп доаѓаат во посета на Зеленски, пристигна важна порака од Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „сериозни членови на тимот на американскиот претседател Доналд Трамп“ ќе ја посетат Украина за...

Европа1 ден

(Видео) Русија: Украински напад оштети индустриска фабрика во Саратов

Украински напад со беспилотно летало оштетил „индустриски објект“ во руската област Саратов, изјави рано денеска регионалниот гувернер. „Според прелиминарните информации,...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Се враќаме на пластичните сламки, пластиката нема да има големо влијание врз ајкулите

Претседателот Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која сака да ги охрабри американската влада и потрошувачите да купуваат пластични сламки....

Свет1 ден

Трамп: Прекинот на огнот во Газа може да заврши в сабота доколку заложниците не бидат ослободени

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе предложи прекин на примирјето меѓу Израел и Хамас и ќе дозволи да се...

Свет1 ден

Трамп воведе нови царини

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе царина од 25% на целиот увоз на челик и алуминиум во САД, без исклучоци или...