Контакт

Вести

Шарм-ел-Шејк: Невообичаениот звук се јавува во последните секунди од снимката на ‘црната кутија’

Објавено пред

Во последните секунди од снимката на „црната кутија“ на рускиот патнички авион „Airbus A321“ со 224 патници и членови на екипажот, кој на 31-ви октомври полета од египетското летувалиште Шарм-ел-шејк за Санкт Петербург и по половина час лет се урна на Синајскиот полуостров, забележани се невообичаени звуци, изјави во саботата вечерта, челникот на меѓународната комисија за испитување на причините за трагедијата, Ајман ал-Мукадам.

dobivaj vesti na viber

„Снимачот на летот од кокпитот регистрирал шум во последната секунда од податоците за летот на авионот. Сепак, уште не ја знаеме причината за тој звук“, изјавил ал-Мукадам додавајќи дека египетските власти ги вложуваат сите напори и апелираше да бидат споделувани сите информации кои можат да ја расветлат несреќата.На прес-конференцијата Ајман ал-Мукадам повторил дека двете „црни кутии“ биле најдени уште првиот ден по несреќата, а дека остатоците од авионот биле раштркани на повеќе од 12 километри, но и оти не се пронајдени сите. „Сите пронајдени делови од авионот ќе бидат доставени во Каиро, на безбедно место за натамошно испитување“, додал ал-Мукадам, пренесува агенцијата ТАСС.„Првичното декодирање на параметарската ‘црна кутија’ укажува дека полетувањето било изведено во 03:50:06 според UTC (4.50.06 часот по македонско време. Записот на снимачот запрел во 04:13:20 (05:50.20 – македонско време). Оттаму, времетраењето на снимката, од моментот на полетувањето до прекинот на снимањето изнесува 23 минути и 14 секунди. Последниот запис е регистриран на височина од околу 30.888 стапки (околу 9.414 метри), додека авионот бил во фазата на искачување“, рекол ал-Мукадам.Според него, последната забележана брзина на авионот е 281 јазли (околу 521 километар на час) „Автопилотот бил вклучен до крајот на снимката на параметарскиот рекордер“, додал ал-Мукадам.Кога станува збор за „црната кутија“ која ги снима звуците и разговорите во пилотската кабина, челникот на меѓународната истрага истакнал дека е „безбедно извлечена и првото нејзино дешифрирање е веќе направено“. „Сепак, тимот кој ја проучува сé уште е во фаза на дешифрирање, за што ќе биде потребно одредено време“, додал ал-Мукадам. „Во моментов е утврдено дека во последните секунди од снимката се слуша шум. Природата на овој звук ќе биде утврдена во специјална лабораторија, каде што ќе биде извршена спектрална анализа“, додал водачот на истрагата. Претходно извори од рускиот и од египетскиот тим кои работат во рамките на меѓународната комисија изјавија дека „нема потврда дека имало експлозија во авионот“, одговарајќи на прилогот на француската телевизија France2 од петокот вечерта, во кој повикувајќи се на европски извори од комисијата беше истакнато дека на снимката од „црната кутија“ се слушнал шум кој посочува на експлозија, и тоа која не личи на експлозија на мотор.Како што истакнал на прес-конференцијата ал-Мукадам, остатоците од рускиот патнички авион откриените на местото на падот на Синајскиот полуостров не овозможуваат да се утврди природата на дејствието и точните причини за несреќата.„Авионот се распаднал во воздух, а сепак точно да се кажат причините за тоа не е возможно. Остатоците од авионот не ни дадоа јасна слика за она што се случило“, изјавил шефот на истрагата, и истакнал дека „До крајниот заклучок сé уште не дојдовме“Директорот на руската Федерална службана за безбедност (ФСБ), Александр Бортников, во петокот изјави дека смета оти е неопходно да се сопрат сите летови за Египет, особено туристичките, сé додека не се утврдат вистинските причини за трагедијата. Од петокот вечерта, претседателот Владимир Путин, според препораките на ФСБ донесе указа за суспендирање на летовите кон Египет./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

Поднесено обвинение за упадот во просториите на редакцијата на „Инфомакс“

Јавен обвинител ја заврши постапката за прибирање докази и до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за...

Македонија1 час

Грција со реакција на изјавата на Мицкоски: Името Северна Македонија е дел од Уставот

Грчкото Министерство за надворешни работи повтори дека Преспанскиот договор, со кој се реши деценискиот спор за името меѓу Атина и...

Регион2 часа

Лајен: Импресивен напредок на Албанија и Црна Гора, проширувањето на ЕУ, за прв пат по повеќе од десет години, стана реална можност

Потпретседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа во Брисел изјави дека Албанија и Црна Гора постигнале импресивен напредок...

Свет3 часа

Трамп го критикуваше Бајден: Тој го остави хаосот, јас ја извлеков Америка од работ на пропаст

Во своето обраќање до нацијата во среда вечерта, американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше поранешниот американски претседател Џозеф Бајден за...

Свет3 часа

Минск е можно место за нова средба меѓу Путин и Трамп

Можна нова средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп би можела да се одржи во Белорусија,...

Регион3 часа

Шефот на Европскиот совет: Западниот Балкан избира, да остане во минатото или европска иднина

Западен Балкан може да избере да остане заробен во минатото или да продолжи кон заедничка иднина во Европската Унија, изјави...

Македонија16 часа

Арсовска не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанокот на мандатот, ја обвини ДКСК за јавен линч

Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанок на нејзиниот мандат...

Македонија17 часа

Мицкоски: Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство

Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство, изјави премиерот, Христијан Мицкоски во Брисел....

Македонија22 часа

(Видео) Кузеска: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милион евра за два месеца

„Им благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и докуметни на нашата дигитална платформа за борба против...

Македонија23 часа

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

Граѓаните што направиле некој од четирите прекршоци што ги регистрираат камерите на „Безбеден град“ и без да им стигне известување...

Македонија23 часа

35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба, меѓу нив Ѓорѓиевски и Арсовска, соопшти Комисијата за спречување на корупцијата

Државната комисија за спречување на корупцијата, во согласност со член 17 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на...

Македонија23 часа

Орце продолжува со скандалозни назначувања, партиски кадар со криминално досие на чело на Зоолошката, велат од Левицата

Левицата предупредува дека најавите за ново раководство во Зоолошката градина во Скопје претставуваат уште еден алармантен пример за тоа како...

Македонија1 ден

Куќен притвор и 24-часовен надзор за Љупчо Пецов-Ѓаволот, доставил документи за влошена здравствена состојба

Во текот на вчерашниот ден во Основниот кривичен суд Скопје пред судија на претходна постапка беше спроведен Љупчо Пецов-Ѓаволот, на...

Топ1 ден

Кривични пријави за измама и давање лажен исказ: изготвиле фактури иако знаеле дека договорите за превоз на ученици во Тетово биле истечени

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З.(46) од Тетово и против правно лице –транспортно претпријатие од Тетово поради постоење основи...

Топ1 ден

Ја убиле со пиштол, телото ѝ го спуштиле во дупка и го запалиле: истрага против две лица за свирепо убиство на жена во гостиварско Неготино

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека извршиле кривично дело – Убиство...

Македонија1 ден

„Дали Коцевски тактизира со оставката за да купи време и да се забошотат над 40 предмети за висока корупција за функционери од СДС и ДУИ“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Љупчо Коцевски тактизираше дури и со сопствената оставка и одлучи да ги пресретне непријатните дискусии и вистината за неговото работење...

Свет1 ден

Трамп ја продолжи забраната за патување во САД за уште седум земји

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го прошири списокот на земји чии граѓани имаат забрана за патување во Соединетите Американски Држави,...

Свет1 ден

Терористот од Сиднеј обвинет за 59 кривични дела

24-годишниот Навид Акрам, кого полицијата го сомничи дека стои зад масакрот на плажата Бонди во Сиднеј, е обвинет за вкупно...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче го соопшти новото раководство на партијата: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, по завршувањето на вчерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го...

Македонија2 дена

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во...