Вести
Сириската армија зазеде стратешка кота и во опсада држави важен град
Сириската армија со поддршка на локалните племенски милиции ја заземала височината позната како кота 1122 во северниот дел од земјата и во опкружување го држи градот Салма, стратешки важно место во покраината Латакија, соопшти во понеделникот портпаролот на сириските владини сили.
„Ја преземавме контролата над котата 1122 и практично го заокруживме опкружувањето на градот Салма“, изјавил портпаролот на вооружените сили на Сирија, бригадниот генерал Али Мајхуб за новинарите во градот Латакија. Додал дека владините сили под контрола ги држат и повеќето села на ридовите над Салма, пренесува агенцијата SANA.
Портпаролот на сириската армија, исто така, истакнал на брифингот со новинарите дека пред почетокот на офанзивата во оваа област во неа имало околу 10.000 милитанти, но дека во моментов на позициите останале само две илјади бунтовнички борци, додека другите загинале во борбите а дел и се повлекле. Меѓу милитантите во покраината Латакија голем број бил на борците кои потекнувале од кавкаскиот регион на Русија и од Заедницата на независни држави (поранешните советски републики –з.р.), додал генералот.
Салма е стратешки важен град во северниот дел од покраината Латакија. Низ него минува патниот правец кон границата со Турција, како и во кон градот Идлиб, главен град на истоимената соседна сириска покраина. Токму во тој регион на 23-ти ноември беа ранети тројца руски новинари, а следниот дена турските ловци „F-16“ го урнаа рускиот бомбардер „Су-24М“, кој наводно накусо навлегол во турскиот воздушен простор./крај/мф/сн
Извор: SANA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.