Македонија
Спасовски: Должници сме, но не знаеме колку
Ако СДСМ победи на избори, во првите сто дена зема за обврска да изработи систематизација и план, да се знае колку се должи и да се исплатат граѓаните, порача Оливер Спасовски, кандидат за пратеник од втората изборна единица, пред граѓаните во Хиподром.
„Сакам да ви кажам дека државата должи и е најголем должник воопшто, но не знаеме колку. Зборувам од аспект на министер, кога гледате од надвор и тоа што ќе го затечете внатре, како граѓани не знаеме ниту пет отсто од она што навистина се случува. Ние преземавме обврска, во првите 100 дена од формирањето на новата влада, сите обрвски на државата да ги систематизираме и да објавиме план, како да ги исплатиме парите кај граѓаните“, рече Спасовски.
Тој вели дека сега во Гази Баба, во Стајковци, ништо не е исплатено. „Велат, им исплаќаме 100 проценти од штетите, ама тие 100 проценти значат ако е штетата 10.000 евра, тие ја процениле на 1.000 евра и исплаќаат 1.000 евра и велат дека исплатиле 100 отсто, а останатите 9.000 евра ги нема никаде. Така што, тоа е мојот одговор, ќе направиме проценка и врз основа на таа проценка што ќе ја направиме во првите 100 дена ќе објавиме план како ќе ги исплаќаме долговите и спрема граѓаните и спрема фирмите“, додаде Спасовски./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

