Забава
Италијанката Е.Морано го прослави 117 роденден, последен човек роден во 19 век
Италијанката Ема Морано, во вторник наполни 117 години, воедно таа е последен човек на планетата за која се знае дека е родена во 19 век.
Виталната и брборлива старица е родена на 29 ноември 1899 година во градчето Цивиаско во Пиемонт уште во времето на владеење на Умберто I.
Минатиот месец откри дека тајната на нејзината долговечност е во избегнувањето на вообичаените лекарски совети.
„Секојдневно јадам по три јајца и тоа е тоа. И кекси, но не можам многу да изедам затоа што немам заби“, реч Морано во интервју за AFP инатата недела.
На комодата во нејзината соба во северниот италијански град Вербаниа, со гордост е истакната потврдата од Гинисовата книга на рекорди според која официјално е најстарата жена на светот.
Во нејзина чест оваа година во градскиот театар премиерно ќе се изведе биографската музичка претстава под име „Жената која живеење во три века“./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Богата музичка програма за 14-тото издание на фестивалот на виното „Виноскоп“
Фестивалот на виното – Виноскоп, кој ќе се одржи од 31.10-02.11 на плоштадот „Јадран“ во центарот на Скопје, покрај врвните вина од над 30 винарии и врвни деликатеси ќе понуди и богата музичка програма со акцент на поддршка на македонската музичка сцена.
На фестивалот ќе настапат: Куку Леле, Фолтин, Brass Brothers, Деј ОФФ, Дј Александар Јорданов, Огнен Здравковски, Пауза за ракија, Дј Тина, Калевала, Занаду и други македонски артисти и изведувачи.
Влезот за сите посетители како и секоја година е бесплатен, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во дегустирање на најдобрата македонска винска понуда со примарна цел- подигнување на винската култура.
Забава
„Јон Вардар против галаксијата“ во петок доаѓа во киносалите
Првиот македонски долгометражен анимиран филм, „Јон Вардар против галаксијата“ ја почнува својата кино авантура.
Од 1 ноември, петок, филмот ќе почне да се прикажува во „Синеплекс“ и во „Киноверзум“ а наскоро доаѓа и во другите градови низ Македонија.
„Јон Вардар против галаксијата“ е хумористична приказна за еден натпросечно потпросечен човек, еден нарцисоиден робот и многу вонземјани кои се на мисија да ја спасат галаксијата од самите себеси.
Режијата е на Гоце Цветановски, арт директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо, а директор на анимација е Димитар Ѓоргиев. Продуценти на филмот се Алан Кастиљо, Ева Конрад, Браќа Калинови и Ладо Шкорин. Во главните улоги настапуваат Жарко Димоски, Дамјан Цветановски и Емилија Мицевска. Другите улоги ги толкуваат Филип Трајковиќ, Тони Денковски, Атанас Атанасовски, Слаѓана Вујошевиќ, Мартин Ѓоргоски, Елена Тарчуговска и Бојана Тосковска.
Филмот кој е најголемиот анимациски копродукциски проект на Балканот, е изработен со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Северна Македонија, а има копродукции во Унгарија, Бугарија и Хрватска.
„Јон Вардар против галаксијата“ досега беше прикажан на фестивалите „Ситџес“ во Шпанија, „Киненова“ во Македонија и „Мостра Сао Паоло“ во Бразил.
Забава
Северина воодушевена од кралската палата во Мадрид: „Да се онесвестиш од убавина“
Северина со синот Александар ја посети кралската палата во Мадрид.
Пејачката ги покажа фотографиите на Инстаграм и порача: „Во живо да се онесвестиш од убавина“.
Кралската палата во Мадрид е официјална резиденција на шпанското кралско семејство, иако сега се користи само за државни церемонии. Палатата има 135.000 m² и содржи 3418 соби. Тоа е најголемата кралска палата во Европа.