Надворешна политика
Величковски: АРМ континуирано работи со полн капацитет врз реформите
Армијата на Република Македонија континуирано со полн капацитет и активна поддршка работи на процесот на реформите, давајќи полн придонес на севкупните напори за исполнување на врвниот приоритет на Република Македонија – интеграцијата во НАТО“.
Ова го истакна во своето излагање началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски на дваесеттата конференција на началниците на генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5) кој денес се одржува во Сплит, Република Хрватска.
Главна тема на која се дискутираше на Конференцијата беше: „Подобрување на интероперабилноста и заеднички приод кон партнерските цели/ целни можности преку комбинирана обука и вежба“.
За време на конференцијата, НГШ на АРМ оствари повеќе средби со неговите колеги од армиите на А5, како и официјални билатерални средби со заменик на командантот на европската команда на ВС на САД, генерал потполковник Тимоти Реј и командантот на косовските безбедносни сили, генерал потполковник Рахман Рама.
На конференцијата учествуваа НГШ на Армиите на земјите членки на САД-Јадранската повелба ( Македонија, Хрватска , Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора) заменик на командантот на европската команда на ВС на САД, заменик на командантот на сојузничката команда на НАТО во Неапол, командантите на националните гарди (НГ) од сојузните држави на САД кои се партнери на земјите од А5, како и НГШ на ВС на Словенија и командантот на Косовските безбедносни сили во својство на набљудувачи.
Армијата на Република Македонија со 17 циклуси на акциски план за членство и активно учество во мисиите предводени од НАТО и меѓународните вежби, дејствува и изведува активности како полноправна членка на алијансата со што многукратно ја има потврдено посветеноста на основачките принципи на САД – Јадранската повелба потпишана во Тирана, во мај 2003 година, а тоа е стабилизација, просперитет и евро-атлантско интегрирање на земјите од регионот.
Република Македонија изминатата година беше домаќин на деветнаесеттата Конференција на началниците на генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5). /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.