Контакт

Надворешна политика

Македонија и Косово ја продлабочуваат соработката во областа на одбраната

Објавено пред

Продлабочувањето на соработката помеѓу Македонија и Косово во областа на одбраната и безбедноста, како и меѓусебното користење на регионалните капацитети е исходот од денешната средба на заменик-министерот за одбрана на Република Македонија и заменик-министерот за Косовските безбедносни сили, Беким Максути и Мухамет Латифи, која се одржа во Приштина, Косово.

dobivaj vesti na viber

„Република Македонија во Косово препознава партнер и поддржувач кој ги споделува заедничките вредности како мирот, демократијата и еднаквоста“, посочи на средбата заменик-министерот Максути. Во таа насока, додаде тој, ние сме подготвени да ја продолжиме соработката во сферата на одбраната, а особено во однос на военото образование, имајќи предвид дека Воената академија е респектирана воено-образовна институција во регионални рамки.

Заменик-министерот на Косовските безбедносни сили, Латифи посочи дека Македонија е важен партнер на Косово, а изрази и задоволство од нивото на одбранбена соработка.

„Косово и Македонија остануваат да бидат фактор на безбедност и стабилност во регионот. За нас е многу важна меѓусебната соработка и затоа наша цел е истата да ја развиваме и продлабочуваме во иднина“, додаде Латифи.

Тој побара од заменикот Максути поддршка од Република Македонија за полноправно членство на Косово во регионалните иницијативи и воедно ги понуди капацитетите на регионалниот центар за пребарување и спасување на косовските безбедносни сили.

Во рамките на официјалната посета, заменик-министерот Максути оствари средби и со министерот за Косовските безбедносни сили, Хаки Демоли, генералниот секретар во Министерството, Шкелзен Сиљај и командантот на КБС, генерал-полковник Рахман Рама. /крај/со/ст

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

Пристигнуваат реакции од целиот свет по израелскиот напад врз Иран

Израел започна напади врз Иран во петокот, насочени кон нуклеарни постројки, фабрики за ракети и воени команданти, а иранските медиуми...

Свет35 минути

(Видео) Израел нападна воени згради во Техеран, објавени се снимки

Израел изврши воздушни напади врз Иран во текот на ноќта, насочени кон неговата нуклеарна програма и капацитетите за балистички ракети...

Свет45 минути

Кого убија Израелците во нападот врз Иран? Воени шефови, нуклеарни научници…

Според иранските државни медиуми, неколку високи ирански воени функционери и нуклеарни научници беа убиени во израелската операција „Rising Lion“, чија...

Свет1 час

Трамп: Знаевме однапред за израелскиот напад, но не учествувавме

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави за „Фокс њуз“ дека однапред знаел за израелските планови за напад врз Иран, но...

Свет1 час

Убиен е висок ирански воен функционер

Иранската државна телевизија IRINN објави дека генералот Мохамед Багери, началник на Генералштабот на иранските вооружени сили и највисок воен офицер...

Свет2 часа

Иранскиот ајатолах: Ционистичкиот режим ќе се соочи со болна судбина

Полуофицијалната новинска агенција Тасним на Иран објави соопштение кое му се припишува на врховниот лидер на земјата, ајатолахот Али Хамнеи....

Свет2 часа

(Видео/Фото) Техеран по израелскиот напад

Фотографии од запалена зграда во Техеран беа објавени на Телеграм каналот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ). Ирански медиуми:...

Свет2 часа

Иранската војска им порача на Америка и Израел: „Ќе платите“

Портпаролот на иранските вооружени сили изјави дека САД и Израел ќе платат „висока цена“ за нападите, објави Ројтерс. „Вооружените сили...

Свет2 часа

Убиен шефот на Иранската револуционерна гарда

Генералот Хусеин Салами, врховен командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на Иран, е убиен во израелски воздушен напад,...

Свет2 часа

(Видео) Нетанјаху: Удривме во сржта на иранската програма за нуклеарно оружје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека тие нападнале нуклеарни цели во Иран и најави дека операцијата ќе продолжи уште неколку...

Свет2 часа

Марко Рубио до Иран: Да бидам јасен – не ги таргетирајте нашите интереси или персонал, не сме вклучени во нападите

Израел го нападна Иран во четвртокот навечер, а иранските медиуми известија за експлозии во Техеран. Нападот се случува во време...

Македонија10 часа

Приведени уште 13 полициски службеници за пожарот во „Пулс“

Во тек е акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, соопштија од Обвинителство за гонење на...

Свет13 часа

(Видео) Објавени се нови снимки од падот на Боингот во Индија

Авион на „Ер Индија“ што леташе за Лондон со 242 патници се урна кратко по полетувањето во близина на аеродромот...

Свет14 часа

(Видео) „Имаше тела насекаде околу мене, бев преплашен, станав и почнав да трчам“: британски државјанин го преживеа падот на авионот на Ер Индија

Британски државјанин кој ја преживеал падот на авионот во Ахмедабад го опишал моментот кога се случил. Според NDTV, шефот на...

Македонија14 часа

(Видео) Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Се знае ли кој е државен секретар во Министерството за култура?

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за култура и...

Македонија15 часа

Арсовска: Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат, документи се доставени до обвинителство

„Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат, за што документи се доставени до обвинителство и има изјави кои...

Европа15 часа

Зеленски: Трамп го препознава вистинското лице на Путин, тој гледа дека не е искрен

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за германскиот „Билд“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ги користи преговорите со Украина...

Македонија16 часа

Пожарот во Вардариште е во голема мера изгаснат, полека се враќа протокот на струјата

Пожарот во Вардариште е во голема мера изгаснат, но БППЗ Скопје во моментот се уште вршат догаснување, извести Центарот за...

Свет18 часа

(Фото) „Боингот“ се урна врз мотел за доктори, делови од авионот останаа во зградата

Патничкиот авион Боинг 787-8 Дримлајнер, управуван од „Ер Индија“, кој полета од Ахмедабад до Лондон утрово, се урна неколку минути...

Свет19 часа

(Видео) Луѓето трчаат да ги спасат преживеаните: детали по падот на авионот во Индија

Авион на Ер Индија со 232 патници и 10 членови на екипажот се урна во Ахмедабад, Гуџарат, како што потврди...