Регион
Ердоган: ЕУ да си ја гледа својата работа

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во понеделникот и порача на Европската унија (ЕУ), која ги критикуваше масовните апсења на претставниците на опозициските медиуми во земјата, „да си ја гледа својата работа“.
„Европската унија не може да се меша во мерките преземени во согласност со владеењето на правото против елементите кој ја загрозуваат нашата национална безбедност. Тие треба да си ја гледаат својата работа“, порачал Ердоган во телевизиско обраќање, пренесува AFP.
Ердоган изјавил дека рацијата во медиумите блиски до муслиманскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во САД, биле дел од неопходниот одговор на „валканите операции“ на политичките непријатели и ги отфрлил критиките на ЕУ, пренесува Reuters.
„Тие говорат за слободата на медиумите, но рациите немаат ништо со тоа. Не се грижиме за тоа што го вели ЕУ и дали Унијата нас нè прифаќа како членка или не. Ве молиме да ги задржите вашите мудрости за себе“, изјавил турскиот претседател.
Турска полиција во неделата ја започна операцијата за апсење на следбениците на ривалот на Ердоган, имамот Ѓулен, вршејќи рации во 13 градови ширум Турција, вклучувајќи го и Истанбул, а уапсени се повеќе од 20 лица, меѓу нив новинари, извршни директори и продуценти.
Апсењата доаѓаат на неколку дена по донесувањето на законот со кој е овозможено да се приведуваат осомничени, поради „основано сомнение“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.