Македонија
Осомничени и одлежани во изборната кампања
Во изборната трка за предвремените пармалентарни избори на 11-ти декември, политичарите со полна уста најавуваат како ќе се борат против криминалот, а изборните кандидатски листи содржат повеќе имиња, за кои во судовите се водат случаи.
Осомничени и обвинети се најистакнатите политичари во кампањата. Како лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и на СДСМ Зоран Заев, но и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Никола Груевски, обвинет е дека, како што се слушна во дел од нелегално прислушуваните разговори, наредил уривање на објектот „Космос“ поради наводна политичка одмазда кон бизнисменот Фијат Цаноски. Во друг разговор, Груевски нарачал претепување на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, како и демолирање на општинската зграда.
Зоран Заев, поради објавување на снимките, обвинет е за насилство кон претставници на највисоките државни органи, во соработка со поранешниот разузнавач Зоран Верушевски и негови соработници од МВР. На 17-ти јули 2008 година, поради сомнеж за злоупотреба на службената положба при изградба на трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, каде е градоначалник трет мандат, беше уапсен заедно со уште петмина негови соработници. Случајот е затворен по аболицијата потпишана од тогашниот претседател Бранко Црвенковски, со која Заев и неговите соработници беа пуштени на слобода.
Али Ахмети, лидерот на ДУИ, освен што се спомнува во неколку прислушувани разговори од кои според Специјалното јавно обвинителство само 12 отсто се објавени, тој е еден од главните осомничени во скандалот со „Маѓар-Телеком“.
Мендух Тачи, лидерот на ДПА, пак, подолго време се наоѓа на црната листа на САД.
Љубе Бошкоски, лидер на Обединети за Македонија, во 2004 уапсен по налог на обвинителството на Трибуналот во Хаг, беше пуштен во 2008 година откако беше прогласен за невин. Бошкоски издржуваше петгодишна затворска казна, а беше осуден за случајот „Кампања“ за нелегелно финансирање на изборната кампања. Се уште му се суди за случајот „Ровер“ за кој не е побаран притвор за Бошкоски. Со првата пресуда од јули 2013 година беше осуден на 12 години затвор, а со втората пресуда казната му беше скратена на 10 години и шест месеци затвор.
Амди Бајрам, претседател на Сојузот на Ромите, одлежа четиригодишна казна затвор за злоупотреба на службената положба, односно за кражба на платно од „Македонка ткаенини“, при крајот на 2000 година, во вредност од околу 700.000 евра.
Елизабета Канчевска Милиевска, од ВМРО-ДПМНЕ, и министер за култура, за која Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отвори истрага со кодно име „Тендери“, со која ја сомничи министерката дека последниот тендер од еден милион евра склучен со Бетон Штип, за завршни градежни работи бил наместен, односно дека со фирмата било договорено да продолжи да работи, па подоцна да се објави тендерот.
Јохан Тарчуловски, кандидаран за пратеник на изборите во 2016 е осуден на 12 години затвор, за убиство на тројца жители на Љуботен во 2001 година, која подоцна му беше намалена на осум години. Притоа, тој отслужи шест години во затворот во Шевенинген, а останатите две години во градот Диц, Германија. На 10-ти април 2013 година, Тарчуловски беше ослободен од затворот.
Џеват Адеми од ДУИ, исто така, е на црната листа на САД, каде се наоѓаат личности кои САД сметаат дека се загрозувачи на стабилноста на Западен Балкан, односно одлуката се однесува на лица кои финансиски или на друг начин го поддржуваат екстремизмот.
Павле Богоевски, граѓански акивист поддржувач на „Шарената револуција“ кандидиран за пратеник од Коалицијата „За живот во Македонија“, Основното јавно обвинителство го товари за учество во толпа што ќе изврши кривично дело, дело за кое следува парична казна или казна затвор до три години.
Слободан Богоевски, кандидат за Коалицијата за промени и правда одлежа затвор 1,7 за случајот „Агент“./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
После Албанија и Косово, следна дестинација на мигранти е Македонија, велат од СДСМ
Не се само британските медиуми, многу светски медиуми имаат објавено анализи и информации од планот за „центри за враќање на мигранти“ од Британија и други земји на Балканот, истакнуваат од СДСМ.
„Косово стана првата земја која прифати одбиените мигранти од Британија. Албанија исто така се согласи за изградба на прифатни центри за мигранти но од Италија.
Пред 5 дена, „Дојче Веле“ објави дека 40 мигранти веќе беа донесени со воен брод во центрите во Албанија. Ете колку бргу се развиваат работите. „Мигрантите, треба да останат во камп во Албанија сè додека не бидат депортирани.“ пишува во текстот на Дојде Веле.
Британските медуими пак пренесоа дека Владата на Мицкоски и ДПМНЕ разговара за мигранти од Британија во Македонија. Британците известуваат дека е договорено по 20.000 фунти по мигрант, нивно вклучување на пазарот на труд, особено во градежништвото, како и долгорочно населување во нашата држава. Ова е вистината! Дали светските медиумите лажат? Дали СДСМ лаже?
Кој лаже? Власта на Мицкоски“, додаваат од опозициската партија.
Владата, како што оценуваат од партијата на Филипче, нема пари, веќе недостасува 1 милијарда евра, очигледно, велат, сакаат да земат кредит од 6 милијарди евра а за возврат да донесат мигранти.
„Граѓаните се против овие антинационални и андржавни политики на ДПМНЕ и велат Не за мигранти , Не за загрозување на безбедноста на државата“.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)

