Македонија
Михајлова в.д. претседател на Кривичен, Бајлозова в.д на Врховен
Судијката, Татјана Михајлова е избрана в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1, а судијката Снежана Бајлозова за в.д претседател на Врховниот суд.
Инаку, Михајлова треба да го води предметот што го покрена Специјалното јавно обвинителство против поранешниот премиер, Никола Груевски.
Бајлозова, порано годинава, беше избрана за судија во Врховниот суд, а претходно судеше предмети во Апелациониот суд во Скопје. Таа е и еден од кандидатите за избор на редовен претседател во највискиот Врховен суд, заедно со актуелната претседателка, Лидија Неделкова, поранешниот претседател Јово Вангеловски и Беса Адеми.
За претседател на Кривичниот суд кандидирани се актуелниот претседател, Владимир Панчевски, Иван Џолев и Владимир Туфегџиќ.
Кандидатите за избор на редовен претседател се на вонредно оценување, а според препораките на Антикорупциска, нивниот избор ќе биде извршен по парламентарните избори. Мандатот на Панчевски и на Неделкова им заврши во понеделник./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

