Вести
Сириската армија уништила 130 џихадисти во покраините Хомс и Хама
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/siriski20vojnic20hama.jpg)
Силите на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад ликвидирале во покраините Хама и Хомс околу 130 милитанти и десетици возила на радикалната сунитска група Исламска држава, објави во средата портпаролот на сириската армија, бригадниот генерал Али Мајихуб.
„Како резултат на успешно поставената заседа меѓу областите Жуалк и ал-Махата во северозападниот дел од покраината Хомс, уништени се повеќе од 30 терористи, меѓу кои и команданти на ал-Даар ел-Габира и Џебхат ан-Нусра кои дејствувале исто така во тој регион“, изјави генералот Мајихуб на прес-конференција во градот Латакија, кого го цитира агенцијата РИА.Покрај тоа, „во источниот дел од покраината Хомс… беа ликвидирани голем број терористи на Исламската држава, како и десетици возила на кои се беа монтирани митралези и други воена опрема“.Портпаролот на сириската армија додал дека единиците на сириската армија ја ослободиле областа Знуба, како и ал-Катчи на истокот од провинцијата Хама. Бил спречен, исто така, обидот на борците на терористичките организации да ги нападнат воените објекти во неколку места во северниот дел од покраината Хама. Во овие судири биле убиени повеќе од 100 терористи, уништени две оклопни возила и повеќе автомобили со монтирано оружје.Армискиот портпарол истакнал дека сириските војници „во соработка со единиците на локалните милиции ја презеле контролата на аеродромот и областа околу градот Марџ ал-Сутлан, како и стратешки објекти непосредно до местата ал-Блалија во покраината Источна Гута, и им нанесоа на терористичките организации големи загуби во борци, оружје и воена опрема“.Мајхуб рекол и дека се уништени „три командни пунктови на кои имало терористи“, на истокот од ал-Абасија, како и во историскиот дел од градот Дараа и во источните делови од овој град. Според него, терористичките групи претрпеле значителни загуби во борци во борбите во овој град.Генералот Мајихуб додал и дека во покраината Латакија армијата целосно ги ослободила височините ал-Ноби и ал-Куз. И во оваа покраина, според портпаролот, во северозападните области терористичките формации претрпеле значителни загуби./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.