Свет
Лавров вели дека САД го менуваат ставот за Алепо, за бунтовниците да земат здив
САД ја известија руската страна дека не можат да ги започнат консултациите за состојбата во северниот сириски град Алепо во средата, како што беше планирано, и го повлекле своите предлози за решавање на тамошната ситуацијата за повлекување на бунтовничките сили кои ги поддржува Западот кои во овој град се во сојуз со екстремните исламистички групи, изјави во вторникот рускиот министер за надворешни работ Сергеj Лавров.
Претходно шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека американскиот државен секретар Џон Кери му ги предал предлозите на Вашингтон за решавање на ситуацијата во Алепо кои се во согласност со начините коишто ги промовираше Москва, Потоа двете страни се договориле за ги започнат преговорите на 7-ми декември во швајцарска Женева.
„Минатата ноќ добивме информација дека тие (Американците), за жал, нема да можат да ја остварат средбата закажана за утре, дека се премислиле, го повлекуваат документот, и сега тие изработуваат нов предлог кој работите ги враќаат на почетокот се враќа на првиот“, изјави Лавров на прес-конференција во Москва.
Рускиот дипломат оцени дека новата американска иницијатива е всушност „обида да се купи време, со цел милитантите да земат здив и да се прегрупираат и да ги обновата своите резерви“ со луѓе и муниција.
Лавров настаните околу договорот за почеток на консултациите во Женева ги нарече „детективски“. „Ќе дознаеме што е во прашање“, рече шефот на руската дипломатија.
Сергеј Лавров појасни дека предлозите на Џон Кери се однесувале на конкретните правци и на прецизни рокови до коишто бунтовниците треба да се повлечат од Алепо. Шефот на руската дипломатија изјави, исто така, дека бунтовниците, кои ги поддржува Западот, коишто одбиваат да ги напуштат малкуте преостанати под нивна контрола источни квартови, ќе бидат изедначени со исламистичките борци кои официјален Дамаск и неговиот сојузник Москва ги означуваат како терористи./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кремљ: Кога ќе го отстраниме она што нè иритира и нас и Америка, шансите за обновување на односите се зголемуваат
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, даде нови информации за мировните преговори за Украина за време на редовниот брифинг за медиумите во Москва.
Песков вели дека постои загриженост за промените во националната стратегија на САД под идните администрации, но дека сегашниот пристап ѝ одговара на Русија, објави руската државна новинска агенција ТАСС.
„Страните вклучени во мировните преговори се сè повеќе свесни дека работата мора да се заврши во тишина“, истакнува Песков.
Портпаролот додава дека со „отстранување на меѓусебните иританти“ меѓу Русија и САД, ќе има поголема шанса за обновување на билатералните односи меѓу двете земји, објавува државната новинска агенција РИА.
Кремљ, исто така, очекува да добие информации за резултатите од разговорите меѓу САД и Украина, додаде Песков.
Свет
(Видео) Заврши средбата на Зеленски со европските лидери: „Судбината на Украина е судбина на Европа“
По повеќе од два часа на Даунинг стрит 10 во Лондон, се чини дека разговорите завршија – Кир Стармер, Емануел Макрон, Фридрих Мерц и Володимир Зеленски се збогуваа на влезот во резиденцијата на британскиот премиер.
Потоа Мерц и Макрон заминаа, додека Стармер и Зеленски се вратија на Даунинг стрит 10.
Leaders of Ukraine, United Kingdom, France and Germany are meeting in London today.
Chancellor Merz:
The destiny of Ukraine is the destiny of Europe. pic.twitter.com/VWVGJ9uMhD— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) December 8, 2025
На почетокот на средбата, камерите беа присутни и ги снимија првите изјави на челниците.
Зеленски рече: „Единството меѓу Европа, Украина и САД е она што е важно денес“. Во своите забелешки, тој им се заблагодари на сојузниците за организирањето на состанокот, додавајќи: „Мислам дека е многу важно да се организираат вакви состаноци“.
Емануел Макрон кажа дека руската економија почнува да страда, особено по најновите санкции.
„Сите ја поддржуваме Украина и сите го поддржуваме мирот“, додаде францускиот лидер.
Фридрих Мерц рече дека е „скептичен во врска со некои детали во документите што доаѓаат од САД“.
„Ја поддржуваме вашата земја затоа што сите знаеме дека судбината на Украина е судбина на Европа“, му рече Мерц на Зеленски.
Не се очекува да се одржи прес-конференција за напредокот на разговорите, но се очекува писмена изјава, која треба да даде некои детали за она што беше кажано.
„Разговорите со претставниците на САД за мировниот план за Украина беа конструктивни, но не и едноставни“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во говорот синоќа пред планираните консултации со европските лидери во наредните денови.
Зеленски разговараше во саботата со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Планирани се понатамошни разговори во Брисел.
Трамп го обвини Зеленски дека „сè уште не го прочитал“ предлогот за нов мировен договор и рече дека „не е сигурен дали Зеленски ќе се согласи со предлогот“. Зеленски, од друга страна, вели дека „американските претставници ги знаат основните украински позиции“.
Свет
Холандија вети дополнителни 700 милиони евра воена помош за Украина
Холандската влада објави дека ќе издвои дополнителни 700 милиони евра воена поддршка за Украина во првиот квартал од следната година.
Одлуката доаѓа откако Сер Кир Стармер, кој ќе се сретне со Володимир Зеленски во Лондон подоцна денес, вчера разговараше со холандскиот премиер Дик Шуф за војната во Украина.
Минатата недела, Холандија, заедно со Норвешка и Германија, ветија пакет од 500 милиони долари (375 милиони фунти) за Листата на приоритетни барања за Украина (PURL), која му овозможува на НАТО да купи американско оружје за Украина.

