Црна хроника
Зачестено криумчарењето на мигранти поради бегалската криза

Криумчарењето на мигранти е зачестено изминатиов период поради актуелната бегалска криза, соопштуваат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во чија надлежност е ова кривично дело.
Според статистиката за сторителите на ова кривично дело, најчесто мигранти криумчарат поединци, а поретко тоа е организирана група.Според податоците во обвинителството, само годинава, од почетокот на годинава до денеска, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје за сторено кривично дело – „Криумчарење мигранти” во работа примило кривични пријави против 30 полнолетни сторители, од кои шест се странски државјани.Во случаите во кои жртвите се полнолетни лица, во работа биле кривични пријави против 21 лице, сите полнолетни сторители. Против 10 лица се поднесени обвинителни предлози, за седум лица донесени се пресуди врз основа на предлог спогодби и за четири лица кривичната постапка е во фаза на истрага. За осум лица за кои беше поднесен обвинителен предлог постапката е завршена со донесена пресуда врз основа на признание на вина.Во случаите во кои меѓу жртвите има и малолетници, се пријавени девет лица и донесени се наредби за спроведување истражна постапка против сите девет, кои истражни постапки се во тек.Во пријавените случаи биле откриени вкупно околу 210 илегални мигранти од кои 16 лица беа малолетни.Во текот на 2015 година, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција како надлежно обвинителство за постапување по кривичното дело – Криумчарење мигранти, поднесени се кривични пријави против 166 лица. Истата година Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има подигнато вкупно 53 обвиненија, од кои што 22 се обвинителни акти против 24 обвинети лица, а 31 се обвинителни предлози против 40 лица.Обвинителството издало наредба за спроведување на истражна постапка против 26 – годишен македонски државјанин за криумчарење на мигранти.На 3 март оваа година околу 13:00 часот во близина на казиното „Принцес” кај Гевгелија, осомничениот прифатил и во насока кон Скопје и Куманово, со патничко моторно возило марка БМВ превезувал 13 мигранти, меѓу кои и две малолетни лица.
Деветмина од мигрантите кои илегално биле влезени на територијата на Македонија се вратени во Грција, додека останатите се задржани во својство на сведоци и сместени едно лице во Прифатниот центар за странци лоциран во Гази Баба, а мајка со две деца во Прифатниот центар за баратели на право на азил во Скопје. /крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.