Црна хроника
Контролирани вкупно 65 угостителски објекти, изречени казни од 55.000 евра

СВР Скопје заедно со инспекциски органи од Министерство за финансии – Управа за јавни приходи и Министерство за економија – Државен пазарен инспекторат согласно претходно подготвен план за контрола на угостителски објекти продолжија со контролите во угостителски објекти на подрачјето на Скопје и во понеделникот извршија контроли во вкупно 25 правни лица – угостителски објекти.
Во изминативе четири дена вкупно беа контролирани 65 угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје при што на 21 угостителски објект од страна на УЈП и ДПИ им беа изречени глоби во висина од околу 55.000 евра во денарска противредност, а исто така глоби согласно Законот за пушење им се изречени и на десетина гости затекнати со цигари во објектите, спротивно на законските одредби.
Покрај ова на 12 објекти од страна на инспекциските служби им се изречени решенија за времена забрана на дејноста во траење од по 15 дена, освен во два случаи каде што од страна на ДПИ и УЈП беше изречена забрана за вршење дејност во траење од 30 дена. /крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претрес Валандовско, пронајдена марихуана, приведено едно лице

Вчера во село Дедели, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода 43-годишниот Џ.О. од село Дедели.
При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, билa пронајденa марихуана.
Лицето било задржано во Полициската станица Валандово, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и во текот на денот ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава, по што Џ.О. ќе биде изведен пред судија од Основен суд Гевгелија.
Црна хроника
Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.
Пријавениот сопственик на правното лице, со цел да прибави противправна имотна корист за себе и за својата фирма, лажно прикажувал факти дека врши посредување при продажба на станови и возила во сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот – Скопје.
Осомничениот 35-годишник од Скопје на две оштетени лица во Куманово им се претставил како вработен во Агенцијата за управување со одземен имот и со нив склучил фиктивни договори за наводна продажба на станови во Скопје и Охрид. Измамените граѓани му уплаќале пари, еден дел во готово, а еден дел на сметка на правното лице, со што осомничениот прибавил вкупна противправна имотна корист од 115.754 евра.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово ќе достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, соопштија надлежните.
Црна хроника
Украдени бронзени бисти од градските гробишта „Бутел“

Вчера во СВР Скопје, Б.И.(67) и С.Ж.(76), двајцата од Скопје, пријавиле дека од гробни места од Градските гробишта Бутел биле одземени две бронзени бисти.
Според полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.