Вести
Дваесетина жртви во новите напади во Ирак
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/a20lada.jpg)
Најмалку 19 луѓе ги загубија животите во новата серија бомбашки напади во понеделникот чија цел се припадници на безбедносните сили и на шиитското мнозинство на југот од ирачката престолнина Багдад, соопштија властите.
Бројот на жртвите од терористичкиот напад во квартот Сајдија во јужните делови на Багдад се искачил на 16 загинати и уште 43 ранети. Медиумите наведуваат дека цел на нападот биле шиитските аџии се движат на патот до гробот на Муса ибн Џафар ал-Казим во северен Багдад.
Портпаролот на багдадската полиција Саад Маан, изјавил дека нападот го извршил самоубиец кој управувал автомобил полн со експлозив. Потсетил дека одговорноста за идентичен напад врз шиитските аџии во саботата во источниот багдадски кварт Нахраван кога загинаа 19 луѓе, одговорноста ја презема екстремната сунитска организација Исламска држава којашто шиитите ги смета за еретици.
Секоја година милиони аџии од Ирак, но и од соседните Иран и Сирија, пристигнуваат во ова светилиште, гробот на Муса ибн Џафар ал-Казим, седмиот од дванаесетте имами на шиитизмот, отруен во затвор во 799 година по наредба на абасидскиот калиф Харунал-Рашид.
Во одделна експлозија во Тармија од експлозивна направа оставена на улица, 25 километри јужно од ирачката престолнина, во понеделникот загинале две лице а шест други се ранети. Во третата експлозија на, во местото ал-Калиса, 30 километри јужно од Багдад од крајпатна мина загинал еден маж, а уште двајца други се ранети.
Најновите податоци на ОН покажуваат дека најмалку 741 Ирачанец, војници и цивили, го загубил животот во насилствата низ земјата во април. Во месечниот извештај на Мисијата на ОН за помош на Ирак (UNAMI) објавен во неделата се наведува дека 410 цивили биле жртви минатиот месец, додека 331 се припадници на безбедносните сили./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.