Црна хроника
Запленети чекови, девизи, цигари, ловечка муниција…
Во текот на минатата седмица и изминатиот викенд царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење стоки, при што привремено се задржани чекови, девизи, цигари, автоделови, патничко возило, ловечка муниција, маслиново масло, штавено крзно, програмабилни контролери, славини за чешми и фалсификати. Покрај тоа, откриена е и една царинска измама.
Од страна на мобилните царински тимови во три одвоени случаи биле откриени 181.647 евра во банкарски чекови, 17.600 американски долари и 12 илјади евра.
Во првиот случај, при контрола на патничко возило со грчки регистарски таблички, со кое за излез од државата на граничниот премин Богородица се пријавиле двајца грчки државјани, привремено се задржани 181.647 евра во банкарски чекови. При детален преглед на возилото, во еден од куферите со лични работи на патниците, сместен во багажниот простор, пронајдена е мала рачна торбичка во која се откриени непријавени чекови со вкупна вредност од 201.647 евра.
Во вториот случај, на граничниот премин Табановце (автопат), при личен претрес на српска државјанка која управувајќи патничко моторно возило со српски регистарски таблички се пријавила за излез од Македонија, во долната облека на патничката пронајдени се 30 илјади американски долари. Личниот претрес бил извршен откако претходно, при контрола на нејзиниот багаж, во рачна чанта пронајден е документ за подигнати девизни средства од банка во Скопје.
Во третиот случај, на граничниот премин Јажинце, при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи патничко моторно возило со косовски регистарски таблички се пријавил за излез од државата, во внатрешниот џеб од неговата јакна пронајдени се 14 илјади евра за кои не поседувал документ за потекло.
Согласно законските прописи, во сите три случаи, на секој од патниците им биле вратени чекови, односно ефективни девизни средства во вредност од 10 илјади евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата.
На граничниот премин Дојран, при заедничка контрола со граничната полиција, на патничко моторно возило со грчки регистарски таблички, управувано од грчки државјанин, пријавено за излез од државата, биле откриени 34 штеки цигари LD, RODEO и YORK со македонски акцизни маркички.
Цигарите биле сокриени во фабричките шуплини под хаубата и под пластичниот капак на филтерот на возилото, во вратите на возилото, под седиштата и во багажниот простор под личните работи на возачот.
На граничниот премин Деве Баир, при контрола на патничко моторно возило со бугарски регистарски таблички, управувано од бугарски државјанин, пријавено за излез од државата биле откриени 26 штеки цигари FILTER 57 blue 100s со македонски акцизни маркички. Цигарите биле сокриени под и во внатрешноста на седиштата на возилото и во патните торби на возачот.
Во два одвоени случаи на граничниот премин Богородица пак, биле откриени 315 литри маслиново масло и 145 патрони ловечка муниција.
Во првиот случај, при контрола на патничко моторно возило-комби со полски регистарски таблички, со кое за влез во државата се пријавиле четворица полски државјани, во 35 картонски кутии, сместени во просторот за багаж на возилото, пронајдени се 420 шишиња со вкупно 315 литри маслимонво масло.
Во вториот случај, во соработка со припадници на Единицата за службени кучиња при МВР, извршена е контрола на патничко моторно возило со албански регистарски таблички, управувано од албански државјанин, пријавено за влез во државата. При тоа во кеса сместена пред совозачкото седиште на возилото биле пронајдени 7 пакувања со вкупно 145 патрони ловечка муниција, за која возачот не поседувал Одобрение за превоз на оружје и муниција при увоз што го издава Министерството за внатрешни работи.
На царинската испостава во Гевгелија пак, откриен бил обид за избегнување на плаќање на царински давачки врз основа на погрешно декларирање на потекло на стока.
Фирма увозник од Скопје, пријавила за увозно царинење разни полипропиленски производи- црева, муфови и приклучоци за нив, со потекло од Грција, при што приложила уверение за движење ЕУР 1, со цел одобрување на преференцијално потекло на стоката и увозно царинење со царинска стапка од 0 отсто. При извршената физичка контрола на стоката, царинските службеници се посомневаа дека дел од истата е декларирана со погрешно потекло, поради што приложеното уверение е испратено на верификација кај грчката царинска администрација. Добиениот одговор ги потврди сомневањата на царинските службеници, поради што отфрлено е преференцијалното потекло на дел од стоката и пресметани се дополнителни увозни давачки во износ од околу 36 илјади денари, а на увозникот му е изречена мандатна казна за сторениот прекршок./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец: ограбил манастир во Неготино
Вчера во 12:30 часот во Неготино, од страна на полициски службеници од ОВР Неготино од слобода е лишен 44-годишниот М.А. од Прилеп, по добиена пријава дека истиот ден околу 09 часот, со употреба на сила, одзел пари од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и М.А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, запленети 300 теписони и патеки без документација
Вчера полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на подрачје на СВР Охрид, поточно на место викано Подмоље го лишија од слобода А.Ј (52) од Скопје.
Имено, откако било сопрено товарно возило „форд транзит” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., при преглед на возилото во товарниот дел пронајдени се 300 теписони и стази, без соодветна документација.
Лицето е лишено од слобода, а возилото и стоката се одземени.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
фото: МВР
Црна хроника
Со возилото удрил во заштитна ограда а возел со 1,98 промили алкохол во крвта: уапсен кичевец
Вчера во 18:25 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај месноста „Копачка“, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода О.М.(63) од Кичево.
Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот и удрил во заштитна ограда, а при преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.

