Вести
Доналд Трамп во центарот на првата републиканска дебата

Доналд Трамп по првото телевизиско соочување на релубликанските кандидати за партиската номинација за американските претседателски избори во 2016 година кои се одржаа во четвртокот вечерта во Кливленд, во сојузната држава Охајо, и натаму доминира во партиската трка, оценуваат медиумите истакнувајќи дека тој веднаш предизвикал нови контроверзии.
Десет од вкупно 17 кандидати од редовите на републиканците беа избрани за учество во првата телевизиска дебата за кандидатите на американските претседателски избори врз основа на резултатите од анкетите кои ги спроведоа Bloomberg News, CBS News, Fox News, и универзитетите Монму и Квинипек, а домаќини на дебатата беа Fox News и Facebook.
Покрај магнатот Доналд Трамп, во дебатата учествуваа и поранешниот гувернер на државата Флорида и брат и син на двајца поранешни американски претседатели – Џеб Буш, гувернерот на Висконсин Скот Вокер, поранешниот гувернер на Арканзас Мајк Хакаби, пензионираниот неврохирург Бен Карсон, сенаторот од Тексас Тед Круз, сенаторот од Флорида Марко Рубио, сенаторот од Кентаки Ранд Пол, гувернерот на Њу Џерси Крис Кристи и гувернерот на сојузната држава Охајо, Џон Кејсич.
Кандидатите, коишто се бореа во двочасовната расправа да добијат што повеќе време за изразување на своите ставови, повремено повеќе се напаѓаа меѓусебно отколку што своите напади ги насочуваа кон водечката кандидатка на демократите за Белата куќа, поранешната прва дама и државен секретар Хилари Родам Клинтон или против актуелниот демократски претседател Барак Обама, оценува Reuters.
Сенаторот Ренд Пол е единствениот кој ги нападна Доналд Трамп кој одби да изрази поддршка за републиканскиот кандидат за претседателските избори кои ќе се одржат во ноември 2016 година.
„Во овој момент нема да се обврзам на давањето поддршка“, рече Трамп кој со седмици наназад не ја исклучува можноста во трката да учествува како независен кандидат, што би можел да го подели републиканското избирачки тело, со што шансите за победа на Хилари Клинтон или евентуално некој друг демократски кандидат би се зголемиле.
Одговорот на магнетот предизвика бурно негодување во публиката, а Пол рече дека Трамп сака да има отворен опции за да ѝ даде поддршка на Клинтон, алудирајќи на неговото некогашно големо пријателство со Хилари и со нејзиниот сопруг Бил Клинтон. „Тој уште отсега игра на сигурно, бидејќи е навикнат да купува политичари од сите бои“, забележа сенаторот Пол.
Трамп, исто така, не отстапи од својот навредливи коментари на сметка жените кои во повеќе наврати ги нарече „дебели свињи“, а често изјавува и дека се „неуредни и мрзливи“, коментира BBC. На прашањето на модераторката на Fox News, Мегин Кели за тие коментари, само се сепна и рече делка станува збор за прашање коешто спаѓа во „политичката коректност“.
„Навистина Меги, жал ми е доколку тоа не ти се допаѓа. Кон тебе бев пристоен, иако можеби и не требаше, имајќи предвид како се однесуваш кон мене“, кусо рече Трамп, којшто, според испитувањата на јавното мнение, главно ја ужива поддршката на машките гласачи.
Жестокиот тон на дебатата му одеше во прилог на наметливиот милијардер, кои веќе со седмици наназад е во центарот на кампањата поради личните напади врз другите кандидати. Трамп, исто така, не се стеснуваше да го изрече и впечатливиот коментар за мексиканската влада којашто ја нарече „многу попаметна поитра влада која своите лоши (луѓе) ни ги испраќа нам“.
Острата дебата, меѓутоа, не им одговараше на поумерените кандидати, како Џеб Буш и Скот Вокер, да остават поголем впечаток. Иако Трамп како вистински „шоумен“, по завршување на дебататата коментаторите се согласија дека најдобри настапи имале сенаторот од Флорида Рубио и гувернерот на Охајо Кејсич./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.