Црна хроника
Украдени компјутери од воз што доаѓал од Грција и одел кон Србија
Компјутери што биле транспортирани со воз од Грција кон Србија преку македонија, се украдени, соопшти полицијата.
Имено, во четвртокот, во 13.15 часот во СВР Куманово, телефонски од полициски службеници од полициската станица Табановце–железнички премин, на границата со Србија, била пријавена тешка кражба од вагон од композиција, која сообраќала на релација Богородица (граница со Грција)-Табановце (граница со Србија).
По овластување од Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, при што е констатирано дека при преглед на српски транзитери-царински посредници било забележано дека недостасува пломба и крилото од еден контејнер било отворено. При извршениот преглед, во присуство на царински работници, утврдено е дека од контејнерот недостасуваат 52 компјутери без монитори марка „HP“. Според нивната документација во истиот контејнер требало да има 42 кутии или вкупно 1.212 компјутери.
Извршени се разговори со лица затекнати на местото на настанот и засега не се знае точната локација каде била извршена тешката кражба. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден 70-годишник во пожар во куќа во виничко Блатец
На 11 јануари 2026 година во 12:04 часот во ОВР Виница било пријавено дека во село Блатец, околу 11:50 часот, настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д. (70) од истото село.
Како што информира полицијата, сопственикот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош од Виница бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани.

