Македонија
Партиите трошеле двојно повеќе пари за кампања отколку што добиле
Политичките партии во изборната кампања потрошиле двојно повеќе пари отколку што имале приходи, соопшти „Транспарентност Македонија“.
Според резултатите добиени од надзорот на трошењата на политичките партии во периодот од 1 до 9 декември и од анализата на вторите финансиски извештаи што политичките партии ги доставиле до надлежните институции, вкупните приходи на сите политички партии биле 88.314.902 денари, односно 1.436.015 евра, а расходите биле 195.501.767 денари или 3.178.890 евра.
Слаѓана Тасева од „Транспарентност Македонија“изнформираше дека најголем дел од трошоците политичките партии ги имале за телевизиски рекламни кампањи, митинзи, средби со граѓани и за печатење пропаганден материјал. Но, останува непозната сумата што е потрошена за рекламирање на интернет, кое политичарите го плаќале лично наместо од изборната сметка.
„Голема сума пари останува во сивата зона на рекламирањето на интернет. Не знаеме колку пари се потрошени за кампањи на интернет. Политичарите овие трошоци ги покриваат од лични сметки, а не од изборната сметка. Интересно е што во албанските печатени медиуми, рекламирањето е платено од поединци, односно од министри, а не од партија. ДУИ, а и други албански политички партии, имаат прикажано нула трошоци за реклами во печатени медиуми“, изјави Тасева.
Финансиските извештаи за периодот од 1 до 9 декември, како што рече, покажуваат дека во однос на објавите на националните телевизии, ВМРО-ДПМНЕ се огласувала најмногу, а СДСМ се рекламирал помалку, ама тоа го чинело повеќе, што според Тасева е феномен. Сега, треба да се види и како ќе се пополни дупката кај ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за живот во Македонија која пријавила вкупни приходи од 294.825 евра и расходи од 1.905.898 евра./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

