Забава
Телохранител на Лејди Гага и Шарлиз Терон помогна во апсењето на најомразениот човек во Берлин
Полицијата во Германија успеа да го уапси разбојникот кој со нога, низ скалите во метрото во Берлин, турна една млада жена. Видеото бргу се рашири по социјалните мрежи, по што поранешен телохранител на поп ѕвездата Лејди Гага и на актерката Шарлиз Терон понуди награда од 2.000 евра за оној кој ќе го открие сторителот.
Камерите на станицата во октомври го забележале инцидентот во кој непознат маж со нога ја турка несреќната жена, која потоа паѓа по скалите.
Полицијата апелираше до сограѓаните да го пријават младиот човек доколку го препознаат, но никој не се јавил со информации за него, пишува The Daily Mail.
Мајкл Куер (54), поранешен телохранител на познатите ѕвезди, неодамна понуди награда во замена за информација за напаѓачот и неговите соучесници кои се забележани на видео снимката.
Откако ја турнал жената, напаѓачот си оди држејќи шише во раката, а еден од неговите пријатели застанува на момент, гледа во девојката, зема друго шише кое паднало во текот на нападот кај скалите, се свртува и си оди.
Брзо по објавувањето на паричната награда, полицијата добила информации за напаѓачот кој набрзо бил уапсен.
Телохранителот Мајкл изјавил дека е апсолутен противник на насилство и дека сакал да ѝ помогне на полицијата да го реши случајот.
„Откако ја понудив наградата веднаш добив информација за напаѓачот. За локалните медиуми изјавив дека ќе донирам и 10.000 евра за решавање на случајот, и дополнителни 5.000 евра за повредената девојка и нејзиното семејство,“ рекол Мајкл Куер. крај/мф/вс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Калиопи објави нова песна и спот
Калиопи денеска во Белград ја претстави својата нова песна со наслов „Добро веќе и лаку ноќ“ („Добра вечер и лека ноќ“).
Автор на музиката, текстот, аранжманот и на продукцијата е повторно Ромео Грил.
Песната „Добро веќе и лаку ноќ“ е достапна на сите дигитални платформи.
Видеото за песната, кое го изработи Александар Ристовски-Принц, може да се гледа на нејзиниот јутјуб-канал:
Забава
(Фото) Бред Пит изненади со нов изглед на бејзбол-натпревар
Бред Пит повторно го промени својот имиџ. Славниот актер ја покажа својата најнова трансформација за време на четвртиот натпревар од американската бејзбол-лига World Series, кој се одржа на 28 октомври на стадионот „Доџерс“ во Лос Анџелес. Пит се појави со подолга, неуредна руса коса, седи бакенбарди и впечатливи мустаќи, пишува „Е!Онлајн“.

На фотографија од натпреварот, облечен во бел дрес на Доџерс, тој беше со басистот на „Ред хот чили пеперс“. Двајцата го гледаа натпреварот помеѓу домашниот тим од Лос Анџелес и Торонто Блу Џејс, во кој канадскиот тим на крајот победи со резултат од 6-2.

Грубиот изглед е во остра спротивност со кратката фризура што 61-годишниот актер ја имаше во јуни на премиерата на неговиот филм F1: The Movie.

Кога го прашаа за причината за бричењето на главата, Пит за списанието „Пипл“ кусо објасни: „Тукушто завршив со работа. Тоа е за лик што го правевме“.
фото: принтскрин
Забава
Ѕвездата од популарната серија „Суитс“ објави гола фотографија од сопругата: Среќен роденден
Патрик Џ. Адамс, ѕвездата од популарната серија „Suits“, ѝ го честиташе на својата сопруга, актерката Тројан Белисарио роденденот на многу посебен начин. Тој сподели нејзина гола фотографија покрај базенот на својот Инстаграм, на која таа е во друштво на нивното куче Бинс.
„Не знам како го правиш сето тоа или како јас имав среќа да го правам ова со тебе, но ќе ја земам секоја проклета капка што можам да ја добијам“, напиша покрај фотографијата 44-годишниот актер.
„Среќен роденден @sleepinthegardn – ти си дар кој буквално никогаш не престанува да дава и секој што е доволно среќен да те познава го чувствува тоа. Секогаш одиш напред, ниту еден камен не останува непревртен, нема спиење до Бруклин, нема одмор за злите, нема ако, и или но, нема штета, нема прекршоци, нема храброст, нема слава. Цело срце. Цел труд. Цела љубов. Секогаш и на секој начин“, додаде тој во емотивна порака.
Покрај оваа смела фотографија, Патрик објави и низа други слики од нивните животи, вклучувајќи фотографии од актерката во ледена бања, од заедничко пешачење, како лежат во кревет покрај нивната седумгодишна ќерка Аурора и седат со четиригодишната ќерка Елиот на јога подлога.
фото: принтскрин

