Регион
Со навреди прекинат говорот на српскиот претседател Николиќ на Косово
Со навредливи повици група косовски Срби го прекина говорот во саботата на српскиот претседател Томислав Николиќ пред споменикот на српските јунаци на Газиместан во поранешната српска јужна покраина Косово и Метохија, по повод одбележувањето на годишнината на Косовската битка и Видовден кој во Србија се слави како државен празник.
На Газиместан поголема група млади луѓе извикувала пароли „Го предадовте Косово“, „Томо Шиптару“, а додека српскиот претседател Томислав Николиќ се обидувал да ја смири ситуацијата, неговите приврзаници со аплаузи и повици „Да живее Томо Николиќ“ и „Да живее Србија“, пренесуваат белградските електронски медиуми.
Николиќ, како што пренесуваат Б92 и Радиотелевизија Србија (РТС), неколкупати се обидел да ја смири ситуацијата, обраќајќи им се на они што протестирале со „сите ние сме Срби“, но во текот на говорот повеќепати прекинуван со силни противење била фрлена и петарда, по што реагирало обезбедувањето на српскиот претседател, па неговиот говор бил прекинат.
Потоа Николиќ му се обратил на митрополитот Амфилохие о зборовите „Простете поради неслогата. Сите тие се наши деца“.
Како што се истакнува во извештајот на РТС, претседателот Николиќ во говорот спомнал дека Албанците градат куќи и ги обработуваат имотите на Косово и им посакал тие вечно да им потраат, но и додал дека „не треба да се заборави дека градат на српска територија. „Србија ќе преговара до крај и со сите“, порачал Николиќ.
Србија го одбележува Видовден како државен празник во знак на сеќавање на Косовската битка против турската османлиска војска од 28-ми јуни 1389 година, а во манастирот Грачаница, о централно Косово во саботата се одржа богослужба. Српскиот претседател положи венец во Крушевац, поранешна српска престолнина од каде што царот Лазар ја повел војската на Косово и Метохија.
Српските историчар сметаат дека Видовден е значаен датум во колективната историја на српскиот народ и еден од темелите на колективниот идентитет, бидејќи е празник кој ги сиболизира отпорот кон освојувачот и слободата, а истовремено и претставува негување на патриотските и чувства и националното битие, а од историски аспект е важен како пресвртница по периодот на развојот под владетелите од династијата Немањиќ.
Водовден, исто така, во саботата се одбележува и во источниот дел од босанскохерцеговскиот ентитет Република Српска, во градот Вишеград, каде што богослужел патријархот Иринеј.
Во Вишеград и делот Андриќград вечерта со низа свечености ќе биде одбележана и 100-годишнината од Сараевскиот атентат на Гаврило Принцип врз австрискиот престолонаследник Фердинанд што се смета за почеток на Првата светска војна, при што ќе биде прикажан перформанс според идејата на режисерот Емир Кустурица, идеен творец на Андриќград. На свеченоста, според најавата, ќе присуствува и премиерот на српската влада, Александар Вучиќ./крај/мф/сн
Извор: ФОТО: Танјуг – Српскиот претседател Т. Николиќ исвиркан од косовските Срби на Газиместан
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

