Црна хроника
Уапсени членови на криминалната албанска банда која ги ограби златарите во Дебар
Албанското Министерство за внатрешни работи информираше дека во Тирана се уапсени членови на најопасната банда која изврши голем број на кражби и разбојништва во земјата како и двете разбојништа на златари што ги изврши во Македонија оваа година и тоа во Струга на 30ти април и во Дебар на 29ти јули.
Според истиот извор уапсени се Агим Сула (25) од Драч, Хајдар Сефа (30) од Круја и Јулиан Ќеруши (29) од Фуш Круја. Водичот на криминалната банда Илир Купа (28) од Фуш Круја е уапсен пред еден месец и е во затвор, но сега е утврдено дека тој бил мозокот на бандата која броела осум членови.
Еден член на бандата А.Т. беше убиен во престрелката што се случи за време на разбојништвото што бандата го изврши оваа лето во Дебар во златарите „Брилијант Џити“ и „Бели Голд“ на семејството Еребера.
Моментално албанската полиција ја започна потрагата по уште тројца членови на бандата и тоа: Ф.П.(28) од Тирана, Д.К.(36) од Скадар и С.Д.(30) од градот Курбин.
Бандата за само две години извршила голем број на кражби и разбојништва во Албанија, Грција и Македонија, а како најолема кражба медиумите ја наведуваат онаа во Трговскиот центар во Тирана каде што членовите на бандата облечени како во костуми на Дедо Мраз украдоа поголеми количини на златен накит.
Во двете златари во Дебар во јули годинава во центарот на градот украдоа над 18 килограми златен накит и во разбојништвото кое се случи среде бел ден имаше ранети и убиени.крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

