Вести
Сириските бунтовници запалиле уште 21 автобус за евакуација на шиити од Идлиб
Вооружените групи коишто во опсада ги држат гратчињата ал-Фуа и Кефраја во покраината Идлиб, 320 километри од сириската престолнина Дамаск, запалиле во неделата уште 21 автобус со кои требаше според договорот меѓу владата и бунтовниците да биде евакуирано цивилното шиитско население и ранетите борци на локалните милиции кои ги бранат двете места.
Според телевизијата Al Mayadeen, блиска на либанското шиитско движење Хазболах кое во шестгодишната сириска војна е сојузник на силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад, нападот врз колоната автобуси бил извршен на автопатот меѓи Сармин и Бенеш.
Градовите ал-Фуа и Кефраја повеќе од три години се во опсада од бунтовниците. Блокирани се околу 50.000 луѓе, кои немаат основни продукти, па пристигнуваат информации за смртни случаи како последица на прегладнетост. Сириските медиуми јавуваат дека досега во нападите врз овие два града со доминатно шиитско население буле убиени околу 2.000 луѓе од кои 400 деца.
Претходно во неделата џихадистичките борци на екстремната групација Џебхат ал-Фатах ал-Шам, поранешната Џебхат ан-Нусра сириското крило на Ал Каеда, кои трет ден по ред се обидуваат да ја спречат хуманитарната помош во покраината Идлиб и да го урнат договорот меѓу владините сили и опозициските бунтовнички групи, запалија седум автобуси кои успеале да стасаат до ал-Фуа и Кефраја.
Во неделата беше планирано од двете места да бидат евакуирани пет илјади цивили, вклучително и оние кои имаат итна потреба од медицинска помош и ранетите борци на локалната милиција Сили на националната одбрана (FDN).
Оваа евакуација на шиитското население од Илдиб е во рамките на договорот меѓу владата и бунтовниците за извлекување на бунтовничките борци и нивните семејствата од источните квартови на Алепо, главниот град на соседната истоимена покраина. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.