Контакт

Забава

Мис на светот за 2016 е Стефани дел Вале од Порторико

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Претставничката на Порторико Стефани дел Вале победи на натпреварот „Мис на светот 2016”, што се одржа во американската држава Мериленд, соопштија светските агенции.
Според жирито, прва придружничка е претставничката на Доминиканската Република, Јарица Мигелина Рејес Рамирез, а втора придружничка Наташа Мануел од Индонезија.

Минатогодишната Мис на светот Мирела Лалагуна од Шпанија, ја предаде круната на својата наследничка во арената „National Harbor“ во Вашингтон. Новата Мис на светот не ги криеше своите емоции. Потоа сите девојки држејќи се за рака отпеаја една заедничка песна, со која испратија порака во светот за љубов и пријателство.

Најмногу внимание секако привлече новата Мис на светот со нејзиниот розов фуснтан и со грандиозната круна.

Мис Индонезија се закити со титулата „Убавина со цел“, а мис Филипини беше најдобра во областа Мултимедиа. Најталентирана беше Мис Монголија, додека во спорт се истакна Мис на Остовите Кук. Кинеската претставничка славеше во натпреварот за топ модел.

Натпреварот го пренесуваа 200 земји во живо, а победничката покрај дијамантската круна освои и парична награда од 94.000 долари./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Почина Габи Новак

Објавено пред

Легендарната хрватска пејачка Габи Новак почина на 89-годишна возраст, објавија хрватските медиуми.

dobivaj vesti na viber

По загубата на сопругот Арсен Дедиќ, кантавтор и композитор, со кого беше во брак повеќе од четири децении, на 17 август 2015 година, Габи Новак се соочи со уште една тешка лична трагедија на почетокот на јуни оваа година – смртта на нивниот син Матија Дедиќ, еден од најистакнатите хрватски џез-пијанисти, кој почина на 8 јуни во Загреб на 52-годишна возраст.

Таа целосно се повлече од јавниот живот пред смртта.

Во текот на богатата кариера таа снимила голем број албуми и синглови и соработувала со врвни композитори и музичари. Нејзините уметнички достигнувања се потврдени со многубројни награди, меѓу кои и неколку „Порин“ – во 2002 година за најдобра џез-изведба, во 2003 година за албум на годината, најдобар женски вокал, најдобар поп-албум и најдобра вокална соработка, а во 2006 година ја доби наградата „Порин“ за животно дело.

Габи Новак честопати е нарекувана прва дама на хрватската поп-музика, а нејзината интерпретација, емоционален израз и уметнички стандард оставија траен белег врз музичкото наследство на Хрватска и поширокиот регион.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Беше омилена пејачка во 2000-тите, а потоа исчезна: денес шокира со својот изглед

Објавено пред

Пејачката Нели Фуртадо ја освои музичката сцена во 2000-тите. Хитовите како Maneater, Say It Right, Showtime и други ја одбележаа младоста на многу генерации.

dobivaj vesti na viber

Сепак, канадската пејачка одеднаш исчезна од сцената. Според странските медиуми, таа се посветила на своето семејство, но и на себеси. Се здебелила неколку килограми, но тоа не ја спречува, како што еднаш истакна, да биде среќна.

„Веќе не си одземам храна и вежбам за да останам здрава“, објасни таа признавајќи дека на почетокот на кариерата многу повеќе се грижела за својот изглед.

„Морав да бидам убава за другите, а не за себе. Фотографиите и видеата мораа да бидат совршени, а внатре буквално умирав“, рекла еднаш.

Денес, Нели Фуртадо ужива во животот, а неодамна настапи на фестивалот „Бордмастерс“ во Корнвол. Таа ја искористи можноста да отпее некои од своите најголеми хитови, но и да му покаже на светот колку се сака себеси.

За таа пригода таа носеше маслинесто-зелен комбинезон, кој ѝ ги истакнуваше сите облини на нејзиното тело. Додаде и крзнен детаљ, како и сребрени моменти. Косата ја стилизира на наједноставен начин.

Се чини дека вишокот килограми конечно ја ослободи Нели од оковите на перфекционизмот. Денес, таа изгледа посамоуверено, а овие фотографии на кои таа се смее се доказ за тоа.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Ана Ивановиќ не престанува да ги воодушевува обожавателите со својот изглед

Објавено пред

Ана Ивановиќ не престанува да ги воодушевува своите следбеници на социјалните мрежи, а сега ѝ се придружи и нејзината кума Мирослава Најдановски.

dobivaj vesti na viber

Прославената тенисерка Ана Ивановиќ неодамна стана официјално слободна жена, откако нејзиниот адвокат потврди дека нејзиниот развод од Бастијан Швајнштајгер е конечен.

Во меѓувреме, поранешниот германски фудбалер ужива во животот со новата девојка, а нивните фотографии брзо станаа вирални.

Од друга страна, Ана ужива со стил и се труди најмногу што може да ја задржи препознатливата насмевка на лицето.

Ана веќе некое време е поактивна од кога било на Инстаграм, но оваа најнова објава е можеби најубава од сите. Таа позираше со својата кума, српската пливачка Мирослава Миња Најдановски, и буквално е невозможно да се каже која е поубава.

Ана позираше во долг бел фустан со резови на стомакот и од страните, а го надополни со очила за сонце и едноставна огрлица. Уште еднаш, ни го покажа совршениот летен фустан кој е истовремено разигран и елегантен.

„Ана, блескаш како секоја жена по развод“, „Кукли“, „Прекрасна си“, беа некои од коментарите.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Невидена партизација во тек, единствениот пат до вработување е или преку партија или преку граница, велат од СДСМ

„Во државата на ДПМНЕ, нема институција која не е подложена на груба партизација пред изборите. МНАВ, Министерството за одбрана и...

Македонија2 часа

Општините лани потрошиле рекордни 𝟣𝟫𝟢 милиони евра на тендери, Град Скопје првпат не е прв на листата

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за сите набавки на општините во 2024 година. Истражувањето...

Свет3 часа

(Видео) Зеленски би можел да учествува на средбата Трамп – Путин, тврдат Американците

Американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витакер, синоќа изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да присуствува на средбата меѓу...

Свет5 часа

(Видео) Израелската армија: Убивме новинар на Ал Џезира

Израелската војска вчера објави дека го убила новинарот на Ал Џезира, Анас Ал Шариф (28), во напад врз градот Газа,...

Европа5 часа

Голем пожар во Шпанија, евакуирани 1.000 луѓе

Вчера во Мадрид беа евакуирани повеќе од илјада луѓе поради шумски пожари во северозападна Шпанија, кои дополнително беа интензивирани од...

Македонија5 часа

Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе...

Македонија5 часа

Зголемена фреквенција на возила, на Богородица и Дојран се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија18 часа

Четворица пациенти со тешки телесни повреди се примени на хируршките клиники во Скопје

Четворица пациенти со тешки телесни повреди беа примени денеска на хируршките клиники во Скопје по вооружена пресметка на улиците во...

Македонија19 часа

ДСЗИ ќе врши вонреден надзор откако пациентка на 30 години почина во болница

Министерството за здравство инфомира дека иницира инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот со починатата пациентка...

Топ19 часа

Се запали глисер во Охридско Езеро

Пожар избувнал во глисер укотвен во водите на езерото, на плажите помеѓу населбата и автокампот „Елешец“, на околу 30 метри...

Топ20 часа

Убиство среде бел ден во Тетово, во пукањето повредени се четири лица меѓу кои и дете

Едно лице загина, а четворица се повредени, меѓу кои и малолетно девојче, во вооружена пресметка што денеска околу 12:30 часот се случила...

Македонија21 час

Војниците во касарната „Илинден“ оддадоа почит за хероите загинати кај Љуботенски бачила

Во касарната „Илинден“ во Скопје, со положување венци и цвеќе, највисоките државни претставници оддадоа почит на хероите кои го загубија...

Македонија22 часа

На 12 и на 14 август ќе биде полагањето на двата екстерни испита од државната матура

Двата екстерни испита во августовската испитна сесија од државната матура, за матурантите кои во јуни не ги положиле или не...

Македонија1 ден

Храбрите и неуморни пожарникари изгаснаа 21 пожар, активен е само уште еден

Центарот за управување со кризи информира дека до 9 часот наутро, регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор. Од...

Македонија1 ден

Денес се навршуваат 24 години од загинувањето на бранителите кои нагазнаа на мина кај Љуботенски бачила

На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 24 години од загинувањето на осуммината бранители, припадници на резервниот состав...

Топ2 дена

Пијан скопјанец преминал на спротивна лента кај Петровец, удрил во автомобил- повредени се две бебиња

Против 57-годишен жител на селото Трубарево, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело – Загрозување на безбедноста во...

Македонија2 дена

МВР се огласи по случајот со началникот во Демир Хисар: Преземаме соодветни мерки

Во однос на реакциите на јавноста поврзани со постапувањето на полициските службеници за време на претресот, Одделот за внатрешна контрола,...

Македонија2 дена

Сомнежи за финансиски злоупотреби и низа неправилности во Стоматолошката комора: Здравство ги презема нејзините надлежности

Поради сомнежи за финансиски злоупотреби и низа неправилности во Стоматолошката комора, Министерството за здравство ги презема нејзините надлежности, изјави министерот...

Македонија2 дена

(Видео) СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра, најави потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски. „Владата е...

Македонија2 дена

(Видео) Началник бара Итната помош на носилка да однесе директорка на информативен разговор во станица

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа началник во домот на директорка на училиште во Демир Хисар...