Македонија
Каролина Гочева за дочек на Новата година на плоштад
Со повеќедневна богата програма, исполнета со новогодишен базар, настап на „Поточиња“ и „Златно славејче“, а за дочекот на Новата година на плоштад „Македонија“ ќе настапат Адријан Гаџа, Каролина Гочева и Миле Кузмановски, главниот град се подготвува за празниците.
Градот Скопје со финансика поддршка на Македонски Телеком и Пивара –Скопје, и оваа година организира незаборавна забава за дочекот на Новата 2017 година, на плоштадот „Македонија“.
„Градот Скопје и оваа година подготви интересна содржина за жителите на градот, по која ќе ја запомнат 2016 година. Од 24 декември се отвора портата на Новогодишниот базар на улица „Македонија“ во Скопје, кој ќе се одржува под мотото „Подари Среќа“. Базарот ќе биде место каде сите посетители ќе можат да купат интересни подароци за најблиските и пријателите. На посетителите ќе им бидат достапни рачно изработени предмети, плетени изработки, новогодишни украси, дрвени очила, божиќно цвеќе, козметика од природни состојки, чоколади и многу други производи. За најмладите е подготвена детска програма, секој ден од 10 до 13 часот, а истата вклучува новогодишна парада, дефиле на Снежната кралица, другарување со Дедо Мраз, настапи на Поточиња и Златно Славејче, многу детски игри, претстави и настап на магионичарот Кристијан. Дедо Мраз и оваа година ќе пристигне на 31 декември во 11:30 часот, кога ќе се приклучи на новогодишната парада. Музичката програмата во попладневните часови започнува со новогодишни попладневни (after-work) забави и завршува во 22.00 часот со настапи на македонски изведувачи“, рече градоначалникот Коце Трајановски.
Директорот на секторот за маркетинг и комуникација на Македонски Телеком, Радмила Димова ја претстави централната музичката програма за 31 декември, која ќе биде проследена со неколку минутен огномет.
„Македонски Телеком веќе 10-та година по ред се вклучува во прославата за дочекот на Новата Година во Скопје. Забавата ќе започне во 19:30 часот со DJ Douz, потоа настапува Адријан Гаџа од 21 до 22 часот. Следува Слаткар од 22:10 до 23:10 часот, а Новата година ќе ја дочекаме со настапот на Каролина Гочева, кој ќе започне од 23:15 до 00:15 часот и настапот на Миле Кузмановски, кој што ќе ги забавува присутните се до 01:30 минути по полноќ. На дочекот на Новата Година ќе имаме одлична македонска музика, со многу познати песни и рефрени и сигурни сме дека ќе имаме одлична забава. Ги поканувам сите граѓани на Република Македонија да ни се придружат овде во Скопје на плоштад „Македонија“ заедно да ја дочекаме Новата година“, рече Димова.
И оваа година каде дел од богатата програма за дочек на Новата година ќе се одржи веќе традиционалната Дедомразовска трка.
„Во пресрет на божиќните и новогодишните празници навистина ни е големо задовоство што и оваа година се вклучивме во целокупната празнична магија. Дедомразовската трка оваа година ја организираме по трет пат и на наше големо задоволство истата предизвика огромен интерес. Пивара Скопје секоја година се вклучува во настани што се поврзани со заедницата, настани што се поврзани со семејните традиции. Ни претставува задоволство што и оваа година се вклучуваме во дочекот на Новата Година и помагаме истата да ја направиме повесела и поинтересна за оние кои се заинтересирани да ги проследат дел од содржините кои ги нуди Градот“, рече Катерина Хаџи-Ангелеска – Начевска, претставник од Пивара Скопје.
Градот Скопје оваа година издвои три милиони денари за организацијата на Новогодишниот базар и дополнителни два милиони денари за дочекот на Новата Година./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

