Забава
Бремената сопруга на Џејми Варди позираше гола

Ребека Варди, сопруга на англискиот фудбалер Џејми Варди го покажа своето голо тело во поодмината бременост.
Ребека, која околу Нова година треба да донесе бие машко бебе, без никаков проблем се соголи пред камерите, па дури и пред породување. Славната двојка се одушевени со овие фотографии и планираат да ги стават во рамка и да ги закачат на ѕид во својот дом.
Ребека, која важи за најарогантна сопруга на фудбалер, објасни дека се фотографирала гола бидејќи никогаш повеќе нема да остане бремена.
„Јас и Џејми знаеме дека ова ќе биде наше последно бебе и наеднаш сфатив дека никогаш повторно нема да бидам бремена,“ рече таа.
Инаку, на фудбалерот на Лестер ова ќе му биде второ дете со Ребека, а прво е двегодишната ќерка Софија. Ребека има уште две деца, 11-годишната Меган и шестгодишниот Тејлор, кои ги доби во претходните врски.
Инаку, таа неодамна изјави дека ѝ пречи кога ја нарекуваат жена на фудбалер и дека е тоа навредливо. крај/мф/вс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Кралицата Летиција има илјада од најубавите фустани и секој од нив е подобар од претходниот

Кралицата Летиција го поминува летото на Мајорка со своето семејство, а нејзините најнови фотографии се само уште еден доказ дека таа е најдобро облечената жена во Европа.
Иако е на одмор, Летиција извршува и некои кралски должности, па посети изложба и ги шармира сите со своето модно издание.
View this post on Instagram
Дури и кога е во лежерни, секојдневни комбинации, Летиција држи лекција по стил. Овој пат се појави во розов фустан од модната куќа „Хуго Бос“, а интересно е што претходно не сме ја виделе во овој фустан, со оглед на тоа што кралицата е позната по тоа што го рециклира својот гардеробер.
View this post on Instagram
Овој модел на фустан беше во А-крој, беше памучен и лелеав, а деколтето во форма на срце го правеше уште поинтересен.
View this post on Instagram
Фустанот на кралицата Летиција одговара на секоја жена бидејќи совршено ги крие сите недостатоци, а воедно создава илузија на подигната половина, со што секоја фигура ја прави да изгледа послабо.
View this post on Instagram
Таа го комбинира со едноставни еспадрили и уште еднаш ги покажа своите модни вештини.
фото: принтскрин
Забава
Почина Габи Новак

Легендарната хрватска пејачка Габи Новак почина на 89-годишна возраст, објавија хрватските медиуми.
По загубата на сопругот Арсен Дедиќ, кантавтор и композитор, со кого беше во брак повеќе од четири децении, на 17 август 2015 година, Габи Новак се соочи со уште една тешка лична трагедија на почетокот на јуни оваа година – смртта на нивниот син Матија Дедиќ, еден од најистакнатите хрватски џез-пијанисти, кој почина на 8 јуни во Загреб на 52-годишна возраст.
Таа целосно се повлече од јавниот живот пред смртта.
Во текот на богатата кариера таа снимила голем број албуми и синглови и соработувала со врвни композитори и музичари. Нејзините уметнички достигнувања се потврдени со многубројни награди, меѓу кои и неколку „Порин“ – во 2002 година за најдобра џез-изведба, во 2003 година за албум на годината, најдобар женски вокал, најдобар поп-албум и најдобра вокална соработка, а во 2006 година ја доби наградата „Порин“ за животно дело.
Габи Новак честопати е нарекувана прва дама на хрватската поп-музика, а нејзината интерпретација, емоционален израз и уметнички стандард оставија траен белег врз музичкото наследство на Хрватска и поширокиот регион.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Беше омилена пејачка во 2000-тите, а потоа исчезна: денес шокира со својот изглед

Пејачката Нели Фуртадо ја освои музичката сцена во 2000-тите. Хитовите како Maneater, Say It Right, Showtime и други ја одбележаа младоста на многу генерации.
Сепак, канадската пејачка одеднаш исчезна од сцената. Според странските медиуми, таа се посветила на своето семејство, но и на себеси. Се здебелила неколку килограми, но тоа не ја спречува, како што еднаш истакна, да биде среќна.
„Веќе не си одземам храна и вежбам за да останам здрава“, објасни таа признавајќи дека на почетокот на кариерата многу повеќе се грижела за својот изглед.
„Морав да бидам убава за другите, а не за себе. Фотографиите и видеата мораа да бидат совршени, а внатре буквално умирав“, рекла еднаш.
Денес, Нели Фуртадо ужива во животот, а неодамна настапи на фестивалот „Бордмастерс“ во Корнвол. Таа ја искористи можноста да отпее некои од своите најголеми хитови, но и да му покаже на светот колку се сака себеси.
За таа пригода таа носеше маслинесто-зелен комбинезон, кој ѝ ги истакнуваше сите облини на нејзиното тело. Додаде и крзнен детаљ, како и сребрени моменти. Косата ја стилизира на наједноставен начин.
Се чини дека вишокот килограми конечно ја ослободи Нели од оковите на перфекционизмот. Денес, таа изгледа посамоуверено, а овие фотографии на кои таа се смее се доказ за тоа.
фото: принтскрин