Македонија
Се поставуваат нови светлосни сообраќајни знаци
Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ деновиве поставуваат нови светлосни знаци на порталните столбови на градските крстосници. Нови знаци се веќе поставени на крстосницата на булеварот „ВМРО“ со булеварот „Гоце Делчев“, а замената на старите со нови знаци ќе продолжи и на улицата „Радишанска“ кај ОУ „Ацо Шопов“, на улицата „Московска“ и на булеварот „Александар Македонски“.
Со поставувањето на новите светлосни сообраќајни знаци ќе се овозможи поголема видливост на пешачките премини и побезбедно одвивање на сообраќајот на градските улици.
Според програмата на Град Скопје, нови светлосни знаци е предвидено да се постават и на улиците „Димитрие Чуповски“, пешачкиот премин кај СУГС „Јосип Броз Тито“, на пешачкиот премин кај Министерството за правда, на булеварот „Партизански одреди“ (на потегот од улицата „Ацо Шопов“ до улицата „Ангел Динев“), на улиците „Франклин Рузвелт“, „Бутелска“, „Коце Металец“, како и на улицата „Индира Ганди“./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20%, соопшти СДСМ
„ДПМНЕ не прифати покачување на платите на полицајците за 20%. СДСМ поднесе амандман за зголемување на платите на полициските службеници и на сите вработени во МВР за 20%, но власта на ДПМНЕ и пратениците од мнозинството го одбија“, велат од СДСМ.
„Полицајците се клучна алка за безбедност и сигурност на граѓаните, чувари на редот и мирот. Тие се секогаш во првите редови подготвени да го ризикуваат својот живот за државата и за сите граѓани.
Над 25 вооружени инциденти се случија во изминатите неколку месеци што е јасен показател за значењето на полициските службеници за безбедноста и сигурноста на граѓаните.
Секаде во регионот има зголемување на платите во безбедносните сили, и тоа во Црна Гора платите се зголемени за 100%, во Србија 45%, во Босна и Херцеговина 40%, Албанија за 20%, Косово за 30 проценти. Само во Македонија не се ценат полицијаците, тие се понижени и деградирани од Тошковски и ДПМНЕ.
Власта на Мицкоски нема капацитет и ја влошува безбедноста на граѓаните а покажаа и дека воопшто не им е грижа за стандардот на полицајците ниту за понатамошен развој на Министерството за внатрешни работи
Нивната цел е само да го партизираат и да го злоупотребуваат МВР во партиски потреби за целосно враќање на МВРО-ВМРО“, соопштува СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија
Утрово е регистриран земјотрес со јачина од 2,10 степени според Рихтер во Македонија.
Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е на 21 километар од Кичево.
Македонија
(Видео) ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија, велат од Левица
„На вчерашната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, постави прашања за кои јавноста чека одговор од владините функционери на ДПМНЕ коишто продолжуваат по стапките на нивните претходници од СДС“, велат од Левица.
„Прашањето на пратеникот од Левица, кое не наиде на одговор беше: Зошто и владата предводена од ДПМНЕ, наместо да ја укине т.н. мешовита историска комисија, која е надлежна да ја ‘ревидира’ историјата на Македонија – тие ја ‘реконструираат’, во целост го почитуваат францускиот предлог и договорот со Бугарија?!
За да избегнат одговор на ова прашање, функционерите од ДПМНЕ предизвикаа тепачка во Собранието, провоцирајќи, силејќи и пцуејќи го лидерот на Левица, Димитар Апасиев, и неговото семејство“, соопшти Левица.