Регион
Убиецот на рускиот амбасадор осум пати го обезбедувал Ердоган
Младиот турски полицаец кој го уби рускиот амбасадор во Анката Андреј Карлов во понеделниот вечерта, осум пати бил ангажиран во обезбедувањето на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган од јули, пишуваат во средата медиумите, ден пред погребот на амбасадорот и комеморацијата на којашто ќе присуствува и рускиот претседател Владимир Путин.
Дваесет и двегодишниот полицаец Мевлут Мерт Алтинташ пред камерите во понеделникот вечерта на отворање на изложба на фотографии во музеј во турската престолнина Анкара, го уби рускиот амбасадор Андреј Карлов извикувајќи исламистички пароли и одмазда за падот на сирискиот град Алепо во рацете на тамошните владини сили кои се сојузници на Русија. Потоа откако безуспешно беше убедуван да се предаде, Алтитнатш беше убиени од колегите полицајци.
Дневниот весник Hurriyet во средата пишува дека полицаецот Алтинташ, кој служел во Анкара во интервентните полициски сили последните две ипол години, бил припадник на безбедносна единица која го следела турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во осум наврати по неуспешниот обид за воен удар од ноќта на 15-ти јули годинава.
„Беше припадник на групата која се грижеше за безбедноста на претседателот, веднаш зад телохранителите“, пишува Андулкадир Селви, кого го сметаат за новинар близок на високите кругови на турските власти.
И покрај тоа што откако убиецот истрела неколку куршуми во амбасадорот извика „Алаху акбар“ (Господ е голем), и оти тоа е одмазда за Алепо, шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу му кажал на американскиот колега Џон Кери дека Анкара и Москва знаат дека зад атентатот стои мрежата на имамот Фетулах Ѓулен, кого САД одбиваат да ѝ го предадат на Турција која го обвинува за неуспешниот јулски пуч. Ѓулен, кој негира дека е вмешан во обидот за државен удар, исто така, во вторникот изрази жалење за убиството на рускиот амбасадор.
Турција и Русија формираа заедничка комисија за истрага на убиството на дипломатот, убиен со неколку куршуми од зад грб. Рускиот дел од тимот го сочинуваат 18 иследници, разузнавачи и полицајци, кои во вторникот утрото пристигнаа во Анкара за да учествуваат во истрагата.,
Во средата е објавено и дека рускиот претседател Владимир Путин ја одложува традиционалната голема прес-конференција и оти во четвртокот ќе присуствува на комеморацијата во чест на амбасадорот Карлов. Исто така, ќе биде одржан и верски обред во црквата „Христот Спасителот“ во Москва.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека Путин одлучил да ја одложи прес-конференцијата и да ја презакаже за во петок, за да може да учествува на комеморацијата.
Од Кремљ во средата, исто така, соопштија дека е прерано да се заклучи кој стои зад убиството на рускиот амбасадор во Турција, откако Анкара директно го обвини имамот Фетулах Ѓулен. Истовремено долниот дом на рускиот парламент повика на јакнење на безбедносните мерки за руските дипломати во странство по убиството на амбасадорот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бахамите го признаа Косово
Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава, соопшти косовската претседателка Вјоса Османи.
Османи го потпишала договорoт на Бахамите со премиерот Филип Брејв Дејвис. На социјалната мрежа „Икс“ беше објавено заедничко соопштение во кое се наведува дека двете земји воспоставиле дипломатски односи, кои стапуваат на сила со денот на потпишување на заедничкото комунике, во согласност со меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.
Bahamas recognizes the Republic of Kosovo as a sovereign and independent state! 🇽🇰 🇧🇸
We just signed our bilateral agreement with Prime Minister @honphilipedavis. On behalf of the people of Kosovo, I extend my sincere gratitude for this decision of historic significance!
Full… pic.twitter.com/a9LLtW2BW7
— Vjosa Osmani (@VjosaOsmaniPRKS) December 19, 2025
Во соопштението се наведува дека Бахамите и Косово ја потврдиле посветеноста на целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации и изразиле намера да развиваат соработка во области од заемен интерес, како што се трговијата, туризмот, образованието, културата, технологијата и јавниот сектор.
Двете земји изразиле очекување за воспоставување топло и продуктивно партнерство.
Годинава, независноста на Косово ја признаа и Сирија, Судан и Кенија.
depositphotos
Регион
Путин првпат зборуваше за НИС: Верувам дека Белград ќе ги исполни своите обврски
Рускиот претседател Владимир Путин повеќе од две децении одржува годишна прес-конференција, на која ги презентира своите политички ставови и анализи на јавноста во Русија и во странство.
За време на конференцијата, новинар од Србија го потсети рускиот претседател дека Нафтената индустрија на Србија (НИС), заедничко вложување меѓу Русија и Србија, ги трпи последиците од западните санкции. Тој го праша Путин како ја коментира оваа ситуација?
„Што се однесува до НИС, притисокот од западните санкции продолжува, а ова е показател за политичка моќ. Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски, а двете земји ќе спроведат многубројни други проекти“, рече Путин не сакајќи да се продлабочува на оваа тема.
Претходно денес, рускиот претседател изјави за „Спутник“ дека знае што се случува со компанијата НИС и дека се надева оти ќе се најде заедничко решение.
„Знаеме што се случува со компанијата НИС. Имаме меѓудржавен договор и претпоставуваме дека пријателското српско раководство ќе го земе ова предвид. Имаме идеја за насоката во која сакаме да се движиме заедно. Работиме на тоа и се надевам дека ќе го најдеме потребното решение“, рече рускиот претседател.
Тој исто така рече дека без оглед на надворешната аспирација за подобрување на односите, притисокот со санкции ќе продолжи како начин за покажување сила, пренесува „Раша тудеј“.
„Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски и дека Русија и Србија ќе спроведат многубројни други заеднички проекти“, рече тој.
НИС е под санкции на САД од почетокот на октомври поради мнозинската руска сопственост, што значително го комплицира работењето на една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.
Рускиот „Газпромнефт“ е мнозински сопственик на НИС, а рускиот претседател рече дека земјата инвестирала повеќе од три милијарди долари во компанијата.
фото/депозитфотос
Регион
E-пошта со безбедносни закани во училиштата во Словенија: учениците итно евакуирани
Неколку основни и средни училишта низ Словенија денес добија е-пошта со безбедносни закани, а некои беа евакуирани како мерка на претпазливост, објави полицијата.
Главната полициска управа на Љубљана изјави дека реагирала веднаш по приемот на заканувачки пораки, собрала информации и ги спровела сите потребни мерки за да ја осигура безбедноста на учениците и персоналот, објави СТА.
Досега собраните податоци укажуваат дека станува збор за генерички закани, без конкретна оперативна опасност.
Полицијата процени дека ситуацијата носи мал ризик и дека нема потреба од дополнителен аларм.
Министерот за образование беше информиран за инцидентот, пишуваат медиумите.
Фото: депозитфотос

