Македонија
„Запознајте ја централната банка“ – 2016-та беше година на финансиска едукација на населението за улогата на НБРМ
Под мотото „Запознајте ја централната банка“ во текот на 2016-та година Народната банка на Република Македонија преку низа активности го одбележа значајниот јубилеј – 70 години централнобанкарски активности во Република Македонија.
Централно место во овие активности имаше финансиската едукација на населението, како една од значајните функции на современите централни банки. Во овој контекст, во текот на годината беше спроведена обемната Програма за финансиска едукација на децата од основните училишта во Република Македонија.
Со Програмата беа опфатени вкупно 4.331 ученик, придружувани од вкупно 358 наставници од 87 основни училишта од целата територија на Република Македонија. Програмата се состоеше од два дела. Првиот дел вклучуваше еднодневни посети на основците на Музејот на Народната банка и ковачницата на пари, а учениците преку интерактивна презентација имаа можност да се запознаат и со основните функции на Народната банка.
Во рамки на овој дел од Програмата, во текот на 2016 година Народната банка ја посетија вкупно 3.831 основец од 77 училишта, од кои 38 училишта беа од внатрешноста на државата. За дел од основните училишта од најоддалечените и слабо населени средини, посетата ја обезбеди и ја организира Народната банка, така што вкупно 806 ученици од овие средини добија можност да ја посетат Народната банка.
Вториот дел од Програмата вклучуваше организиран Караван од Народната банка, во чиишто рамки беа посетени вкупно 10 основни училишта од 10 различни општини од целата територија на Република Македонија, а преку нив, вкупно 500 ученици ја имаа можноста да се запознаат со основните функции на Народната банка.
Како дел од активностите за финансиска едукација, Народната банка изработи и промовираше два филма: 1) „Народна банка ‒ 70 години во служба на македонското општество: информативно-документарен филм“ посветен на историјата на Народната банка и 2) „Запознајте ја централната банка: информативно-едукативен филм“, којшто на едноставен и лесно разбирлив јазик ги обработува најважните аспекти поврзани со целите и функциите на централната банка.
Во делот на професионалната едукација, во текот на 2016-та година во духот на јубилејот се организираа: Петтата меѓународна истражувачка конференција, Деветтата меѓународна конференција за платните системи и Вториот меѓународен ИТ-форум, коишто придонесоа за размена на искуства и унапредување на знаењата помеѓу домашната и странската стручна јавност.
Во рамки на одбележувањето на јубилејот се изработија две збирки на научно-истражувачки трудови: 1) Библиографија за централнобанкарското работење во Република Македонија: 1946 – 2016 година и 2) Научната мисла во НБРМ: 1992 – 2015, со што се обезбеди систематизирано зачувување на овие трудови, кое треба да придонесе за натамошен развој на банкарството и економијата, воопшто, во Република Македонија.
Седумдесетгодишниот јубилеј беше одбележан и со спортска манифестација – хуманитарна трка, којашто ја организираше Синдикалната организација при НБРМ, со поддршка на Народната банка. Синдикалната организација при НБРМ ги донираше собраните парични средства од спортскиот настан во Сојузот на дефектолози на Република Македонија наменети за Центарот за сензорна терапија кај деца со аутизам и АДХД.
Програмата на активности беше заокружена со одржувањето на централната манифестација за свечено одбележување на јубилејот, на 19 октомври 2016-та година, на која Народната банка беше одликувана со Орден за заслуги за Македонија од страна на Неговата екселенција, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
Одликувањето на Народната банка со Орден за заслуги за Македонија е по повод 70 години од основањето, а особено за постигнатите исклучителни резултати во централнобанкарското работење, како независна, емисиона банка и главен носител и столб на макроекономската стабилност на суверена и самостојна Република Македонија.
Веруваме дека со оваа програма на настани и активности придонесовме за достоинствено и успешно одбележување на големиот јубилеј и ја остваривме крајната цел – ширење на финансиската едукација и подигање на нивото на свесност на граѓаните за значењето и улогата на Народната банка во македонското општество, додаваат од НБРМ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Агенцијата за поддршка на претприемаштво го додели признанието за најдобар ментор за 2023 година
Во рамките на Европската недела на претприемаштво, Агенцијата за поддршка на претприемаштвото успешно го реализира настанот Mentor Awards 2023, кој се одржа како дел од активностите на програмата „Стандардизирани менторски услуги“.
Настанот поддржан од Јапонската агенција за меѓународна соработка – JICA имаше цел да ја истакне важноста на мисијата на менторите во унапредувањето на работењето на македонските мали и средни претпријатија.
Добитник на наградата за најуспешен ментор за 2023 година е Неби Јусуфи од Регионалниот центар во Тетово, кој се истакна со својата експертиза, посветеност и позитивно влијание врз корисниците и со својата работа постигна значајни резултати. Најдобриот ментор за минатата година го избра жири составено од ментори.
На настанот менторите од шесте регионални центри имаа можност да презентираат по еден значаен пример на спроведена менторска услуга во нивниот регион. Во рамките на Mentor Awards 2023, во согласност со методологијата за спроведување стандардизирани менторски услуги во мали и средни претпријатија за периодот 2024 – 2029, Агенцијата ѝ додели овластување за инструктор за обука во пракса на Евгенија Лисичова, а на Никола Димковски (комуникациски вештини) и Тони Цветановски (управување со човечки ресурси) им додели овластување за обучувачи за теоретска настава.
Овие овластувања претставуваат важен чекор во создавањето на генерација квалификувани обучувачи, кои ќе го пренесуваат знаењето и искуството за унапредување на претприемништвото во земјата. Настанот ја потврди важноста на менторството како клучен фактор за успехот на македонските компании. Менторите, преку спроведување на стандардизираните менторски услуги, го ставија во функција своето долгогодишно знаење, обезбедувајќи насоки за развој, раст и одржливост на корисниците на овие услуги.
Претходниот ден, тим од Агенцијата за поддршка на претприемништвото предводен од в.д директорката Даниела Димовска оствари плодна средба со претставници на невладини организации кои работат во областа на економијата, претприемништвото и иновациите. Беа разменети мислења и идеи и беа поставени основи за идна соработка и за поддршка и развој на претприемничките иницијативи.
Покрај тоа, во текот на Европската недела на претприемништвото, Агенцијата реализираше низа активности со цел да го истакне значењето на претприемништвото и да обезбеди поддршка за младите и бизнис заедницата. Беа спроведени посети во средните училишта „Орце Николов“, „Арсени Јовков“ и „Лазар Танев“, при што учениците имаа можност да се запознаат со основните принципи на претприемништвото и програмите и мерките кои ги нуди Агенцијата, а беа организирани и работилници за поддршка на младите претприемачи, каде што беа презентирани успешни претприемачки модели и стратегии.
Како дел од одбележувањето, претставници од Агенцијата ги посетија и фирмите „Винарија чифлик“ од Битола и СВАРОГ од Прилеп, компании кои се и корисници на мерката менторство што ја спроведува Агенцијата со цел да ја истакнат важноста на поддршката за мали и средни претпријатија и да ги охрабрат во нивниот понатамошен развој.
Со овие активности АППРМ потврди дека е клучен партнер во развојот на претприемаштвото во земјата обезбедувајќи платформа за инспирација, поддршка и промоција на нови иницијативи, кои ќе ја зајакнат економијата и ќе ја подготват следната генерација успешни претприемачи.
Економија
УЈП: Трговците имаат обврска да ги прикажат во фискалните сметки попустите за „црниот петок“
Во пресрет на најавениот Црн петок викенд (Black Friday), Управата за јавни приходи упатува препорака до сите даночни обврзници кои ќе применуваат попусти на цените на своите производи и услуги, истите да ги изразат и наведат при издавање на сметката, односно, пресметаниот данок на додадена вредност да биде наведен во сметката со новосоздадената цена.
Даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги а за кои плаќањето се извршува готовински, должни се да поседуваат фискален систем на опрема (ФСО) , задолжително да издаваат фискални сметки при вршење на продажба и промет и на видно место, да постават соопштение со кое го информираaт купувачот на доброто за неговата обврска да побара фискална сметка.
Потрошувачите на добрата, односно корисниците на услуги при купување должни се да побараат фискална сметка и истата да ја чуваат по напуштањето на местото на прометот на доброто, заради контрола.
Секој граѓанин има право и обврска да ги пријави недисциплинираните даночни обврзници кои не ги исполнуваат своите обврски и не издаваат фискални сметки.
Ова може да го направат преку електронската пошта [email protected] или на телефонските броеви: од фиксна линија: 0800 33 000; oд мобилен телефон: 02 3253 200 или да пријават неправилности на 198.
Економија
Остварете ги вашите цели и желби со кредитните производи на Халкбанк
Халкбанк АД Скопје е банка посветена на обезбедување финансиска поддршка за сите граѓани кои сакаат да ги остварат своите цели. Во кредитното портфолио на Банката е широк спектар на кредити за физички лица, станбени кредити наменети за купување недвижен имот, потрошувачки кредити, кредити за возила, онлајн кредит, еко кредити наменети за зголемување на енергетската ефикасност во домот, кредит со депозит и хипотекарен кредит, како и дозволено пречекорување на тековната сметка.
Со широк избор на кредити прилагодени на различни потреби и можности, Халкбанк нуди поволни услови кои се во согласност со финансиските планови на секој клиент без разлика дали се работи за големи проекти или секојдневни потреби.
Па така, кај потрошувачките кредити, кои по правило се најбарани бидејќи средствата можат да се искористат на најразлични намени – тековни потреби, реновирање, образование, патување и други лични потреби, постојат повеќе понуди со различни услови, па секој може да одбере производ што најмногу му одговара. Потрошувачкиот кредит со фиксна каматна стапка од 5% за целиот период на отплата е со рок до 95 месеци, и максимален износ до 1.500.000 мкд. Кредитот е без трошоци за провизија за обработка на кредитот и провизија за предвремена ликвидација.
Тука е и Онлајн кредитот со кој може да се обезбедат средства до 600.000 денари, при што со само неколку клика, во рок од неколку минути, на Вашата сметка ги добивате потребните финансиски средства. За да аплицирате за ONLINE кредит треба да сте корисник на електронско банкарство во Халкбанк АД Скопје и да сте примател на плата или пензија во банката. Каматната стапка е фиксна од 8,5% годишно, а рокот на отплата е до 84 месеци.
Идеални за стекнување свој дом се станбените кредити на Халкбанк. Наменскиот станбен кредит обезбеден со полиса за животно осигурување и полиса од незгода може да се користи за купување стан или куќа, како и рефинансирање на изложеноста во други банки по основ на станбен кредит. Кредитот е со рок на отплата до 360 месеци, почнувајќи од 3% фиксна каматна стапка за првите 5 години или почнувајќи од 3,4% фиксна каматна стапка за првите 10 години. Провизијата за обработка на кредитот е 0%.
Осигурителните полиси кои се вклучени кај одделни производи овозможуваат заштита на имотот на клиентот од последица на несреќен случај, сигурност во отплатата и заштита на целото семејство.
Со Халкбанк АД Скопје секој чекор кон остварување на вашите финансиски цели е полесен. Без разлика дали сонувате за нов дом, автомобил или ви се потребни средства за остварување други планови, кредитите на Халкбанк се вистинскиот избор.
(ПР)