Црна хроника
Разбиена организирана криминална мрежа што криумчарела мигранти
Македонската полиција разби организирана криминална мрежа која е инволвирана во вршење на криминални активности поврзани со криумчарење на мигранти.
Во рамки на операцијата, извршени се претреси на вкупно три локации во Скопје, Куманово и село Ваксинце, на коишто живееле или престојувале дел од членовите на организираната криминална група, а лишени од слобода се девет лица, додека три лица не се достапни на органите на прогонот.
Имено, три лица од Скопје на возраст од 34 до 40 години, со умисла и од користољубие со цел стекнување на противправна имотна корист организирале криминална група, како дел од меѓународна организирана криминална мрежа, која во земјава е предводена од лице од Пакистан. Истите подолг временски период во содејство со лица од криминалната група од Грција криумчареле мигранти преку илегални премини во околината на Гевгелија. Потоа, од таму координирано на утврдени места се вршело прифаќање на мигрантите и на организиран начин со возила се превезувале до Куманово, каде што во село Ваксинце и село Лојане мигрантите ги засолнувале и времено сместувале, а подоцна преку илегални премини ги криумчареле во Србија.
Мигрантите по потекло се од Сирија, Авганистан, Пакистан, Судан и други земји од Блискиот и далечниот исток, кои претходно се наоѓале во Грција, каде што и престојувале по основ на лица бегалци и лица баратели на азил.
Со цел преземање на мигрантите, пријавениот пакистански државјанин им давал инструкции на останатите кои се координирале околу времето на пристигнувањето на мигрантите и местото каде се засолнати. По добиените насоки отпочнувале со подготовки за безбедно прифаќање на мигрантите, меѓу кои и извидување на „трасата“, како и поблиската околина каде што лицата се засолнати, односно проверки дали е безбедно и дали нема полициски патроли.
Лицето задолжено за прифат и транспорт, управувајќи го товарното возило застанувал на посоченото место и веднаш потоа „мигрантите“ влегувале внатре. Останатите со своите возила биле во улога на т.н. „чистачи на патот“ наизменично менувајќи се во „предна и задна контрола“, додека еден од организаторите на групата од поголема далечина го извидувал патот. На овој начин “организираната колона“ од Валандово, преку Струмица, Штип и Свети Николе се упатува кон Куманово. По претходен договор и по насоки на Пакистанецот, еден од пријавените организирал прифаќање на мигрантите од околината на Куманово и нивно превезување со возила во Ваксинце.
Пријавениот кој имал улога на „чистач“ заедно со друг член на групата откако ќе ги прифателе мигрантите и откако ќе ги транспортирале до Ваксинце, истите ги предавале на Пакистанецот, кој потоа заедно со еден од осомничените од Лојане, мигрантите ги засолнувале и сместувале во неговата штала во селото.
Трансферот на пари од криминалната група од Грција до криминалната група во Македонија, а потоа и кон криминалната група во Србија се вршел преку Вестерн Унион, а за транзит низ Република Македонија се наплатувале и по 1.500 евра од мигрант.
При акцијата, од страна на полициските службеници во домот на лице од Ваксинце пронајдени се вкупно 37 илегални мигранти од Сирија, меѓу кои и четвртопријавениот пакистански државјанин.
Денеска ќе биде поднесена кривична пријава против 13 лица за сторени кривични дела „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ и „Криумчарење на мигранти“. Лицата се на возраст од 22 до 40 години, од Скопје, Куманово, село Лојане, Ваксинце и Банско-Струмица.
Еден од осомничените веќе се наоѓа во притвор откако претходно на 29 септември беше лишен од слобода во момент на вршење на кривично дело „криумчарење на мигранти“. Во тек е превземање на мерки и активности со цел пронаоѓање и лишување од слобода на други лица инволвирани во криминалните активности. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

