Црна хроника
Расчистени пет разбојништва
СВР Скопје целосно расчисти и документрираше пет кривични дела разбојништо за што против пет лица сите од Скопје на возраст од 26 до 46 години е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.
СВР Скопје целосно расчисти и документрираше пет кривични дела разбојништо за што против пет лица сите од Скопје на возраст од 26 до 46 години е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.
Пријавените разбојништвата ги извршиле во текот на јануари и февруари годинава на подрачјето на Скопје со што се стекнале со против правна имотна корист од околу 750.000 денари.
Во првиот случај кривично пријавен е К.С. (31) од Скопје за сторено кривично дело “разбојништво“ стекнувајќи се со противправна имотна корист од 500.000 денари.
Имено К.С. заедно со уште едно непознато лице на почетокот на февруари годинава во претпладневните часови, извршил разбојништво во стан на ул. „Тале Христов“. Претставувајќи се како вработени во ЈП “Водовод и канализација“ влегле во станот на оштетената и по кусо време ја откриле својата вистинска намера. К.С. со нож што го зел од кујната ја фатил оштетената и со употреба на сила ја турнал на подот, и го ставил ножот на вратот и ја прашал кај ги чува парите. Потоа земал едно ќебе од креветот ја покрил и почнал да ја стиска на грбот со коленото и да ја удира со нога во пределот на главата и грбот. Второто лице во меѓувреме вршело пребарување и претурање по целиот стан при што во кујната, во една од фиоките на ормарот ги пронашол и одзел парите и заедно излегле од станот незабележани од никого се оддалечиле во непознат правец.
По интензивната истрага К.С. е приведен, а оштетената го препознала.
Во вториот случај кривично пријавен е Е.Ј. (38) од Скопје кој што извршил едно кривично дело разбојништво стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 150.000 денари.
Кривичното дело пријавениот го извршил во средината на минатиот месец во куќа, на ул. “Јуриј Розентал“, влегол во дневната соба каде спиела оштетената. Е.Ј. и со боксови ја удирал во пределот на главата нанесувајќи и повреди во пределот на устата , како и набиеници по главата и откако ја довел во состојба на безсознание и го одзел златниот накит од неа (ланец, три прстени, еден пар обетки) како и еден мобилен телфон и преку влезната врата ја напуштил куќата упатувајќи се кон својот дом.
И во третиот случај кривично пријавени се лицата М.П (44) и М.Р. (46) за сторени три кривични дела “разбојништво“ како и лицето А.Ј. (26) за сторени две кривични дела “разбојништво“, инаку сите тројца од Скопје. Со извршените кривични дела тројцата се стекнале со противправна имотна корист од околу 99.700 денари.
Кривичните дела пријавените ги извршеле во периодот од 10 до 18 јануари годинава, во доцните вечерни часови, во куќи на подрачје на Гази Баба, при што едното е извршено со физичка сила, а додека другите две се извршени со закана со огнено оружје – пиштол./крај/со/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пожар зафати автомобил вечерва во Кавадарци

Пожар зафати автомобил вечерва во Кавадарци, а пожарникарите од Територијалната противпожарна единица се на терен и интервенираат на лице место.
Се работи за автомобил форд фокус.
Црна хроника
Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајка кај Кратово

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на регионалниот пат кај местото викано Превалец, во атарот на селото Трновац, кратовско, едно лице го загуби животот, а две лица се тешко повредени.
Несреќата се случила околу 14:24 часот меѓу товарно возило фиат добло со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(54) од Скопје, и патничко возило дачиа сандеро со кавадаречки регистарски таблички, управувано од С.В.(33) од Скопје.
Во судирот на самото место починал сопатникот од товарното возило, А.А.(38) од Скопје, чија смрт била констатирана од лекар. Со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, кои биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово, а причините за несреќата се утврдуваат.
Црна хроника
Полицијата приведе маж, уништувал политички плакати

Жител на кавадаречкото село Ваташа бил приведен рано наутро поради уништување плакати на политичка партија на кавадаречко подрачје, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Денеска во 2:45 часот, полициски службеници од ОВР – Кавадарци го приведоа 33-годишниот А.Ѓ. од село Ваташа, кавадаречко, затоа што, заедно со други лица, уништувал плакати на политичка партија во Кавадарци и кавадаречко. А.Ѓ. е задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР – Велес.