Регион
Денот на ослободувањето на Албанија и натаму се прославува посебно

Власта и опозицијата во Албанија, 28-ми ноември Денот на прогласувањето на независноста, го прославија истиот ден но одвоено, додека прославата на 70-годишнината од ослободувањето на Албанија од фашизмот се прославува од десницата на 28-ми а од левицата на 29-ти ноември.
Власта и опозицијата во Албанија, 28-ми ноември Денот на прогласувањето на независноста, го прославија истиот ден но одвоено, додека прославата на 70-годишнината од ослободувањето на Албанија од фашизмот се прославува од десницата на 28-ми а од левицата на 29-ти ноември.
Така додека опозицијата на во петокот заедно ги прослави во Тирана како Денот на независноста и Денот на ослободувањето од фашизмот, левицата истиот ден во приморскиот град Валона ја прослави 102-годишнината од независноста, додека 70-годишнианта од ослободувањето од фашизмот ги прославува ден потоа, во сабота 29-ти ноември.
Левицата и десницата во Албанија по соборувањето на диктаторскиот систем на Енвер Хоџа на почетокот на 1990-те години, започнаа одвоено да прославуваат. Десницата смета дека Албанија е ослободена од фашизмот на 28-ми ноември, додека пак левицата смета дека тоа се случило следниот ден./крај/мф/мн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.