Вести
Кери: Специјалците во Сирија не значат дека САД влегуваат во граѓанската војна

Одлуката на американскиот претседател Барак Обама да испрати специјални единици во Сирија е строго насочена на борбата со Исламската држава и не значи дека САД влегуваат во оваа граѓанска војна, изјави во саботата американскиот државен секретар Џон Кери.
„Претседателот Обама донесе силна и моќна но едноставна одлука целосно во согласност со изворната политика дека мораме да ја поразиме и уништиме Исламската држава“, изјави Кери.Белата куќа објави во петокот дека 50-ина специјалци ќе бидат распоредени на северот од Сирија за да ги советуваат вооружените сили на сунитската опозиција која САД ја именуваат како „умерена“ против Исламската држава. Одлуката претставува промена во политиката на американскиот претседател Барак Обама кој долго време отфрлаше испраќање копнени војски за да се избегне инволвирање во нова војна на Блискиот исток.„Не станува збор за одлука да се вмешаме во сириската граѓанска војна. Тоа не е акција насочена против сирискиот претседател Башар ал-Асад, насочена е исклучиво кон Исламската држава и на јакнење на нашите способности брзи да ја нападнеме Даеш (арапски акроним за Исламската држава)“, рече Кери на прес-конференцијата во текот на посетата на Бишкек, главниот град на Киргистан. Запрашан за можноста САД да упатат повеќе сили или да потонат подлабоко во тој судри, Кери изјави дека „Не може да предвиди што во иднина ќе бидат донесени кога нашата политика да се уништи Даеш, да се бориме против тоа зло. Но претседателот донесе одлука со која за која се залагам и со која се согласувам“.„САД и 65 земји се обединети во коалиција, ние се обврзавме да ја поразиме Исламската држава, целосно да ја искорениме заканата којашто таа ја претставува. Нивните команди се наоѓаат во Сирија и во Ирак, но тие се обидуваат да ги пружат своите краци и во Авганистан, Иран и Либија“, додаде американскиот државен секретар.Кери ги нарече терористите на Исламската држава „вистинско зло“, ко „убиваат луѓе, ги држат во ропство, а насилството е нивна навика“. „Тоа е современа закана, на којашто ние мораме да реагираме“, додаде и порача дека и Киргистан може да придонесе во таа борба преку спречување на регрутирањето борци за џихадистите меѓу неговите граѓани./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.