Црна хроника
Две куќи изгореа во пожар во Прилеп
Две куќи изгореа во саботата во Прилеп во пожар за кој причините за избувнувањето се испитуваат.
Во саботата наутро било пријавено дека на ул.„Круме Волнароски“ од засега непознати причини настанал пожар во куќите сопственост на Р.Н. (67) и О.Б. (58), во кој биле опожарени кровната конструкција и спратовите под покривите со покуќнината. Од извршениот разговор со О.Б. истиот изјавил дека во пожарот му изгореле и 36.000 евра. Пожарот избувнал прво во куќата на О.Б. Во 12,00 часот од екипа на ТППЕ-Прилеп пожарот бил изгаснат.
Увид на местото на настанот извршиле ЈО и увидна екипа од ПС-Прилеп. Се работи на целосно расчистување на случајот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ограбени две жени во Скопје, при разбојништвото едната паднала и се повредила
Вчера во 17.15 часот во СВР Скопје, 63-годишната Ч.С. од Скопје пријавила дека околу 15.20 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на сила ѝ одзелo накит.
Исто така во текот на вчерашниот ден, во 14.15 часот во СВР Скопје, 62-годишната В.Т. од Скопје пријавила дека околу 12.45 часот на подрачјето на Гази Баба, едно лице со употреба на сила ѝ одзело накит, по што паднала и се повредила.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Црна хроника
Истепани двајца малолетници во Чаир: напаѓачите се обиделе да внесат еден од нив во „бмв“
Вчера, во 22.40 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 27-годишниот Г.Е., а денеска во полициска станица бил извршен службен разговор со малолетник, двајцата од Скопје, извести МВР.
– Тие се сомничат дека на 28.05.2024 околу 22.00 часот физички нападнале двајца малолетници на подрачјето на Чаир, по што се обиделе еден од нив да внесат во патничко возило „бмв“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кривична против битолчанецот кој силувал лице со нарушено ментално здравје, го снимал и го објавил на социјалните мрежи
СВР Битола поднесе кривична пријава против 24-годишниот П.И. од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“, „полова злоупотреба на немоќно лице“ и „злоупотреба на лични податоци“, извести МВР.
„На 23.05.2024 во Битола, пријавениот противправно држел лице со нарушено ментално здравје во неговиот дом, каде го навел да изврши полово дејствие, кое го снимил и споделил на социјални мрежи“, соопшти МВР.