Скопје
Доделени наградите за нај полицаец, пожарникар и крводарител за 2016 година
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, во понеделник свечено им ги додели наградите на најдобиот пожарникар, полицаец и крводарител на територија на град Скопје за 2016 година.
За најдобар пожарникар е прогласен Ѕвонко Стојановски, спасител во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, најдобар полициски службеник за 2016 година е Марјан Димитриевски, вработен во Полициска станица од општа надлежност „Гази Баба”- Скопје, а за најдобар крводарител е прогласен Љупчо Велковски.
Најдобар пожарникар за 2016 година е Ѕвонко Стојановски- спасител во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, има 27 години стаж, а во текот на изминатата година се истакнал со особено ефикасно и успешно работење. Имено, во рамките на неговата работа учествувал во гаснењето на над 50 пожари и технички интервенции и придонел за намалување на материјалните штети и за спасување на човечки животи.
Најдобриот полицаец за 2016 година е Марјан Димитриевски, вработен во Полициска станица од општа надлежност „Гази Баба”- Скопје, има 24 години стаж, а во изминатата година остварил натпросечни резултати и пожртвувано ги извршувал службените задачи.
Најдобриот крводарител, Љупчо Велковски, досега во изминатите години има 120 дарувања крв и редовно 4 пати годишно дарува крв со што треба да претставува пример и поттик за сите млади дарители чија мисија е да спасат човечки живот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Финансиска поддршка за квалитетни проекти и активности“: Герасимовски упати јавен повик за граѓанските организации
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, упати повик до сите зруженија и фондации кои дејствуваат на територијата на општина Центар да се пријават за финансиска поддршка за 2026 година.
Средствата се наменети за поддршка на локалната заедница, со фокус на развојот на микро-бизнисите, програмите и проектите за млади, социјалните услуги, родовата еднаквост, заштитата на животната средина и образованието за возрасни.
Герасимовски посочи дека невладините организации се докажани партнери на општината, промотори на позитивни вредности и нови идеи.
„Ги повикувам сите здруженија и фондации што имаат добра идеја и квалитетен проект да се пријават на јавниот повик и да ја искористат можноста за финансиска поддршка“, порача градоначалникот Герасимовски.
Рокот за поднесување пријави и документација е 10 дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар.
Пријавите може да се достават преку пошта на адресата Општина Центар – Скопје, улица „Михаил Цоков“ бр. 1, или во Архивата на Општина Центар (барака 6) од 9 до 15 часот.
Повеќе информации за јавниот повик на: Јавни повици | Општина Центар
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

