Контакт

Свет

За Трамп ОН се клуб за пријатен помин

Објавено пред

Избраниот американски претседател Доналд Трамп порача во понеделниот дека Обединетите нации (ОН) имаат голем потенцијал, но сега претставуваат клуб во кој луѓето ќе се најдат, ќе разговараат и убаво ќе си го поминуваат времето, оценувајќи ја таквата состојба тажна.

dobivaj vesti na viber

„Обединетите нации имаат толку голем потенцијал, но сега тоа е само клуб во кој луѓето ќе се сретнат, ќе поразговараат и добро си го минуваат времето. Толку тажно“, напиша скорешниот американски претседател Доналд Трамп преку Twitter кој му е омилено средство за комуницирање со јавноста.

Објавата на Трамп доаѓа откако во петокот Советот за безбедност на ОН донесе резолуција со којашто се бара „веднаш во целост да ја прекине секоја активност на населување на окупираната палестинска територија, меѓу другото и во источен Ерусалим“, и се тврди дека доселеничките населби „немаат правна издржаност“.

САД, кои имаат право на вето во Советот за безбедност, се воздржаа од гласање со што овозможија резолуцијата да биде изгласана, и таа е првата од 1979 година со која се осудува Израел за политиката на населбите на Западниот брег. Ваквата одлука претставува голем пресврт на американската политика во оваа светска организација.

Ова е воедно и правата одлука за Израел и Палестинците која Советот за безбедност ја прифати во последните осум години, а воздржаноста на Вашингтон е редок потег со кој САД вообичаено го штитат Израел од таквиот развој на ситуацијата.

Тоа ги разгневи еврејските политичари, и премиерот Бенјамин Нетанјаху во неделата и израелскиот амбасадор во САД, Рон Дермер, во понеделникот тврдеа дека зад резолуцијата, нејзината формулација и промоција да биде изгласана стои администрацијата на американскиот претседател на заминување Барак Обама. Двајцата тврдат дека Израел поседува докази кои ќе ги достави на новата администрација.

Трамп во саботата рече дека резолуцијата на ОН со кои се бара запирање на градењето на еврејските населби на палестинските територии „многу ќе го отежне“ мировниот процес меѓу еврејската држава и Палестинците, но дека тој е сепак возможен, и тоа преку директни преговори меѓу двете страни. „Големиот вчерашен пораз на Израел во ОН значително ќе ги компликува преговорите за мир. Многу лошо, но ние сепак ќе го направиме тоа“, напиша во саботата.

Трамп, кој во текот на кампањата го истакнуваше ветувањето дека Ерусалим треба да биде препознаен како главен израелски град, во четвртокот пред гласањето изјави дека Вашингтон треба да го употреби ветото за да ја блокира резолуцијата.

Тој не ја поддржа резолуцијата, ветувајќи дека ќе ја измени ситуацијата во ОН откако ќе стапи на должноста. „Кога станува збор за ОН, сетот тоа ќе се измени по 20-ти јануари“, напиша на Twitter споменувајќи го датумот на кој ќе биде инаугуриран во претседател на САД. /крај/мф/сн

Свет

Министрите на Германија, Франција и Полска на состанок за поддршка на Украина

Објавено пред

Министрите за надворешни работи на Германија, Франција и Полска денес попладне ќе одржат состанок на таканаречениот „Вајмарски триаголник“, а форматот ќе биде доминиран од темата за поддршка на Украина, соопшти француското Министерство за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

Јохан Вадефул, Жан-Ноел Баро и Радослав Сикорски ќе се сретнат во Париз, еден ден откако Елисејската палата беше домаќин на самитот на „коалицијата на подготвените“, на кој беше изразена намера Франција, Велика Британија и партнерските сили да испратат воени единици во Украина во случај на мировен договор со Русија.

По состанокот на лидерите на коалицијата, американската делегација и украинскиот претседател Володимир Зеленски беше потпишана заедничка декларација за безбедносни гаранции за Киев, во која се наведува и дека Соединетите Американски Држави ќе интервенираат воено во случај на нов напад од Русија, како и дека ќе го водат механизмот за надзор на почитувањето на прекинот на огнот.

На состанокот на Вајмарскиот триаголник, формат покренат во 1991 година во истоимениот германски град, подоцна денеска треба да му се придружи и индискиот министер Субрахманијам Џајшанкар, со кого ќе се разговара и за зајакнување на односите меѓу Европската Унија и Индија, но и за предизвиците во регионот на азиско-пацифичкиот простор.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Свет

Венецуела ѝ се заблагодари на Русија за поддршката на Мадуро

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Венецуела, Иван Хил Пинто, изрази благодарност до Русија за поддршката за лидерот на таа земја, Николас Мадуро, и за осудата на мешањето на САД во внатрешните прашања на Каракас.

dobivaj vesti na viber

„Венецуела и Русија се братски земји и стратешки сојузници. Владата на Боливарската Република изразува длабока благодарност за изјавата на Русија со која ги поддржува барањата на суверената нација и ослободувањето на претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес“, напиша тој на својот канал на Телеграм, пренесува „ТАСС“.

Нагласи дека Венецуела, исто така, го цени повикот на Русија да се почитува правото на самоопределување на венецуелскиот народ и нејзината осуда на странското мешање на Соединетите Американски Држави.

Постојаниот претставник на Русија при Обединетите нации, Василиј Небензја, на 5 јануари изјави дека Русија изразува силна солидарност со Венецуела и го поддржува курсот на владата во соочувањето со надворешната агресија.

Шефот на руската дипломатска мисија изрази надеж дека „меѓународната банда“ на Вашингтон ќе добие „објективна и сеопфатна оценка во меѓународно-правна смисла, со користење на универзалните механизми на ОН и други мултилатерални формати“.

Небензја, исто така, го повика американското раководство веднаш да го ослободи легитимно избраниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга.

Соединетите Американски Држави на 3 јануари нападнаa цели во Венецуела, заробувајќи го претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес.

Прикажи повеќе...

Свет

Мерц му порача на Зеленски: Младите Украинци да ѝ служат на својата земја, а не да бегаат во Европа

Објавено пред

Од Украина, меѓу другото, се очекува да создаде услови младите мажи да ѝ служат на безбедна и економски здрава Украина, наместо да заминуваат во европските земји, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц обраќајќи му се на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

„Економскиот капацитет ќе биде неопходна гаранција дека Украина ќе може уверливо да ја одврати Русија во иднина. Драг Володимире, сакам ова отворено да го кажам: тоа подразбира и одредени очекувања за Украина. Тоа вклучува – и вие го знаете тоа, веќе разговаравме за ова во Брисел – дека Украина мора да биде организирана на таков начин што нејзините млади мажи ќе ѝ служат на безбедна и економски здрава Украина, а не да заминуваат во Германија, Полска или Франција, како што е случај сега“, нагласи Мерц во Париз по состанокот на Коалицијата на подготвените, пренесува „Укринформ“.

Според неговите зборови, тоа е очекување кое Украина „може и мора да го исполни“.

Украинската влада на седница одржана на 26 август ја ажурираше процедурата за преминување на државната граница. Мажите на возраст од 18 до 22 години сега можат непречено да ја преминуваат границата за време на воената состојба. Соодветните измени стапија на сила на 28 август, еден ден по официјалното објавување на резолуцијата.

Во Германија живеат околу 1,2 милиони Украинци. Нивниот број во последните години се зголемува, главно поради младите мажи помлади од 22 години, наведува украинската агенција.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Свет33 минути

Мерц му порача на Зеленски: Младите Украинци да ѝ служат на својата земја, а не да бегаат во Европа

Од Украина, меѓу другото, се очекува да создаде услови младите мажи да ѝ служат на безбедна и економски здрава Украина,...

Македонија1 час

Променливо облачно време со дожд за Божик, на планините снег

Времето денес променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во...

Свет3 часа

Трамп: Постигнавме договор за нафтата од Венецуела, ние ќе ги контролираме приходите

Каракас и Вашингтон постигнаа договор за извоз на венецуелска сурова нафта во САД во вредност до две милијарди долари, изјави...

Македонија3 часа

Денеска е Божик – денот на христовото раѓање

Православните христијани во светот, во Македонија и црквите кои се раководат по Јулијанскиот календар денеска го слават Рождеството Христово –...

Европа12 часа

Коалицијата на волните договори што по мирот во Украина

Триесет и пет земји од таканаречената Коалиција на волните во вторникот ја поддржаа Париската декларација во која се детално опишани...

Свет15 часа

Берни Сандерс: Шест причини зошто нападот на Трамп врз Венецуела е погрешен

Нападот на САД врз Венецуела во текот на викендот предизвика остри осуди од целиот свет, а критики беа упатени и...

Европа15 часа

(Видео) Маж избол до смрт кондуктер во Италија, па избегал со воз: во тек е масовна потрага по Хрват

34-годишниот кондуктер Алесандро Амброзио беше избоден до смрт синоќа на главната железничка станица во Болоња. Полицијата го идентификуваше осомничениот напаѓач...

Македонија17 часа

(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека...

Македонија17 часа

(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни

„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и...

Европа18 часа

Европа под мраз: Откажани летови, затворени патишта и жртви во сообраќајот

Смрзнувачки временски услови денес зафатија делови од Европа, а снегот и мразот предизвикаа откажување на стотици летови во Холандија, а...

Македонија19 часа

Сиљановска-Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж и ќе нè потсетат на човековата насушна потреба од чинењето добри дела

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Божиќ, упати честитка до граѓаните кои го прославуваат денот на Христовото раѓање,...

Македонија21 час

(Фото) Ѓорѓиевски: Овој свет празник да ни донесе мир во душите и слога меѓу луѓето, заедно, со љубов и радост, да го дочекаме светлото Христово раѓање

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на традиционалното одбележување на големиот христијански празник Бадник во Соборниот храм, каде во духот на...

Топ21 час

Изгубил контрола врз возилото и удрил во бетонски ѕид: во сообраќајната незгода повредени двајца малолетници од Тетово

Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Емин Бојана“ во село Бојане, скопско, 47-годишниот М.Ш....

Европа22 часа

(Видео) Барот во Швајцарија никој не го проверувал пет години: прскалките сега се забранети

Ски-барот кој изгоре на новогодишната ноќ не поминал низ безбедносни проверки пет години, открија швајцарските власти на прес-конференција. Во трагедијата...

Македонија23 часа

(Фото) Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите од општина Илинден

По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест...

Топ23 часа

Уапсен возачот што удри пешак на ГП „Долно Блаце“, следува пријава

На 06.01.2026 околу 01:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на меѓупросторот помеѓу Граничен премин „Хани Елези“ и Граничен...

Свет1 ден

(Видео) Клучен човек на Трамп: Никој нема да војува за Гренланд, тој треба да биде дел од САД

Заменик-шефот на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп и еден од неговите клучни советници, Стивен Милер, разговараше со Си-Ен-Ен за...

Свет1 ден

(Видео) Американскиот министер за одбрана се потсмеваше на руската воздушна одбрана во Венецуела

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ја исмеа ефикасноста на руските системи за воздушна одбрана распоредени во Венецуела откако американските...

Свет1 ден

Трамп: Нема да има избори во Венецуела во следните 30 дена, мора да ја средиме земјата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не очекува нови избори во Венецуела во следните 30 дена. „Ќе потрае некое време“...

Свет1 ден

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени ја погоди западна Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди регионот Чугоку во западна Јапонија во вторник наутро, по што следеа низа...