Контакт

Вести

Шекил О’Нил специјален пратеник на Барак Обама за Куба

Објавено пред

Како деклариран голем обожавател на кошарката, американскиот претседател Барак Обама го именуваше поранешниот лидер на Лос Анџелес Лејкерс, Шекил О’Нил, за специјален пратеник за Куба задолжен за спорт, што се толкува како нови сигнал во приближувањето на Вашингтон и Хавана по полувековниот прекин на односите.

dobivaj vesti na viber

Легендарниот кошаркар кој со Лос Анџелес Лејкерс и Мајами Хит има освоено четири титули во НБА лигата во 19 години долгата играчка кариера, ќе биде „специјален пратеник на Стејт департментот за Куба задолжен за спорт од 25-ти до 28-ми јуни“, објави во петокот американското министерство за надворешни работи.

„Во текот на својот престој на Куба, О’Нил ќе гои посети познатите културни дестинации за уште повеќе да ги поттикне позитивните врски меѓу американскиот и кубанскиот народ“, се наведува во соопштението во коешто се додава дека сега 44-годишниот О’Нил, исто така, ќе се сретне со младите на кои ќе им зборува за придобивките од занимавањето со спорт.

На почетокот од својата кариера во Орландо Меџик а подоцна и во Мајами Хит, Шекил О’Нил долго играше на Флорида, американската сојузна држава која е најблиску до Куба, и каде што живеат голем број пребегнати Кубанци.

Вашингтон и Хавана ги обновија дипломатските односи во јули 2015 година, пред историската посета на американскиот претседател Барак Обама на кубанската престолнина, која беше остварена во март годинава. Од 1962 година САД на комунистичка Куба ѝ наметнаа жестоко ембарго, кое сега се настојува постепено да бидат укинувани./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски за барањето на Ковачев ВМРО-ДПМНЕ да се исклучи од ЕНП: Тоа би била добра првоаприлска шега

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Штип го искоментира барањето на европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев да се исклучи партијата ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија14 часа

Кузеска: Инцидентот со знамето е грешка на протоколот на Сиљановска, заострувањето на односите на е во интерес ниту на Софија

Влошувањето на односите со соседите ја става под знак прашање европската перспектива и оди на директно на штета на националните...

Македонија14 часа

(Видео) Петрушевски: Љупчо дон Николовски плаќал и по 500 евра за хотел од вечер, додека земјоделците чекале да ги подобри работите

„Љупчо Дон Николовски наместо за земјоделците се борел за себе. Наместо да планира како да ги подобри условите во земјоделието,...

Македонија14 часа

Адвокатот на таткото на Вања: Обвинението се темели на доказите што ги прибавил Александар, тој е жртва

Адвокатот на таткото на Вања, Владимир Туфегџиќ, рече дека, денеска, во воведните говори на Јавното обвинителство не слушнале која е...

Македонија15 часа

Одлуката на Уставниот суд за балансерот е избрзана, не ни требаат тензични состојби, оценува Таравари

Според министерот за здравствo Арбен Таравари, одлуката на Уставниот суд за „балансерот“ е избрзана. „Уставниот суд, за жал, се судии...

Македонија15 часа

Ковачев: Ќе бараме ВМРО-ДПМНЕ да ја исклучат од Европската народна партија

Ја информиравме Европската народна партија за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ и ќе побараме да се иницира процедура за исклучување на таа...

Топ16 часа

Ограбена аптека во Ново Лисиче, разбојникот уапсен веднаш по грабежот

Вчера, во 21.55 часот на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го...

Македонија17 часа

Почнува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почнува судењето за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Судечкиот...

Свет18 часа

(Видео) Напад со нож во Ротердам: има мртви, напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

Најмалку едно лице загина, а две се тешко ранети во напад со нож што се случи синоќа во Ротердам. Како...

Свет18 часа

Водостојот на Дунав расте: во Будимпешта би можело да го достигне својот врв за време на викендот

Дунав, чијшто водостој моментално е над осум метри, би можел да го достигне својот врв во Будимпешта за време на...

Свет19 часа

Подморницата „Титан“ се расипа само неколку дена пред фаталното нуркање

Подморницата која имплодираше при фаталното нуркање до потонатиот брод Титаник, при што загинаа сите петмина на бродот, се расипа неколку...

Свет19 часа

Нова студија ја потврди теоријата дека коронавирусот почна од кинески пазар

Нова студија за потеклото на Ковид понуди дополнителни докази за поддршка на теоријата дека вирусот првпат бил пренесен на луѓето...

Европа19 часа

Русија: Ќе ги браниме нашите интереси на Арктикот и во воена смисла

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју објавено денеска вети дека Москва ќе ги брани своите интереси на...

Свет19 часа

„Компонентите од пејџерите користени во експлозиите во Либан не се од Тајван“

Компонентите користени во илјадници пејџери детонирани во Либан во вторникот не се направени во Тајван, рече тајванскиот министер за економија...

Македонија1 ден

Очигледно раководството на Северна Македонија не сака да продолжи по патот на европската интеграција па ја обвинува Бугарија, вели Ковачев

Во Република Северна Македонија немаат желба за европска интеграција и бараат изговор зошто тоа не може да се случи. Вака...

Македонија1 ден

Мицкоски од Брисел: Бевме понижувани многупати, ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми

Денеска до сега, до овој момент имав две значајни средби. Првата беше работниот ручек кој што го организираше старо-новата претседателка...

Македонија1 ден

Од пазарот се повлекуваат бисквити поради можност од присуство на надворешно тело, соопшти АХВ

Од македонскиот пазар се повлекуват производите на „Атлантик Штарк“: Кексичи како перелив 220 гр. серија 1507482842 и Најлепше жеље кукис...

Македонија2 дена

Мажот од Кочани, кој почина од западнонилска треска, дал податок дека не патувал никаде

Мажот од Чешиново-Облешево, кој почина од западнонилска треска во Македонија, до Инситутот за јавно здравје (ИЈЗ) дал податок дека претходно...

Македонија2 дена

Маж од Кочанско почина на Инфективната клиника поради компликации од западнонилска треска

78-годишен маж од општината Чешиново-Облешево, Кочани, почина на 16 септември на Клиниката за инфективни болести поради компликации од вирусот на...

Македонија2 дена

Бугарија лута по изјавите на Александар Николоски: „Тој провоцира, ги известивме партнерите“

Лавина реакции во Бугарија предизвикаа изјавите на македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски, кој ја нарече земјата „нецивилизиран...